Таг: тојота

Да ја избереме Тојота за градоначалник?

Еден од најголемите производители на возила во светот реши во подножјето на планината Фуџи да направи цел нов град на иднината, преполн со секакви футуристички технологии за да има каде да тестира други футуристички технологии.

Тојота ги пушта камионите кои испуштаат водена пареа

Имаат 670 коњски сили, носат товар од 30 тони а кон атмосферата се добронамерни како чајник. Први на улица ќе можат да ги забележат жителите на Лос Анџелес.

Зошто нова кола?

Две Тојота Короли возат една кон друга, и двете со 64 км/ч. Едната е произведена 1998, другата е 2015. Да видиме дали нешто сработиле инженерите последниве две децении.

Тојота да ги објасни тојотите на ИСИС

Претставници на Тојота мораа да седнат на разговор со неколку американски владини агенции и да се објаснат зошто толку многу џихадисти и екстремисти од Сирија, Ирак и Либија возат толку многу Тојота пикапи.

Тојота пикапот што ги вози револуциите

Во неодамнешниот пакет со помош што САД им го прати на бунтовниците во Сирија беа вклучени и 43 пикапи Тојота, истиот модел кој изминативе неколку децении се појавува секаде каде што има некој судир меѓу бунтовници и власт. Возилото е толку издржливо што Топ Гиар и покрај целото свое настојување не успеаа да го уништат.

Good guy Toyota

На Тојота и е смачено од донирање пари по најразлични основи, па кога се контактирани за донација од страна на Фуд Банк од Њујорк, тие решаваат да понудат нешто уште подобро.