Се вика Вувен сити (Woven - преплетен) на околу 100 километри од Токио и е распослан на 700.000 метри квадратни и ќе има роботи, ќе има паметни домови, ќе има вештачка интелигенција и ќе има и луѓе.
Први жители на градот ќе биде група од 360 инвентори, млади семејства, и повозрасни граѓани. Крајниот план е во градот да живеат околу 2.000 вработени на Тојота, нивните семејства, пензинирани парови и научници.
Вон ова не е познато како ќе бидат избрани првите жители.
Архитектурата на градот е дело на Данецот Бјарк Бундгард, а намерата на Тојота е футуристичката технологија да ја отвори за користење за научници и компании од целиот свет, кои се поканети да дојдат престојуваат во Вувен и да истражуваат.
На локацијата што е избрана се наоѓаше поранешната фабрика на Тојота, Хигаши-Фуџи.
Ова е целосната презентација што Тојота ја имаше за Вувен сити: