Живот во најстудениот град на светот, Јакутск

Јакутск е главен град на Јакутија, република на далечниот исток на Русија со површина околу 10% помала од Индија а популација од неполни 1 милион луѓе, со што има густина на население од 0,32 луѓе на 1 километар квадратен. Ваквото разидување главно е затоа што е глобален неоспорен рекордер како најстудено населено место на светот.

Иако имаат невозможно ниски температури, зимите во Јакутија не траат нешто невообичаено долго, и стандардно почнуваат во ноември а завршуваат на крајот од март, а потоа во остатокот од годината имаат некои нормални сезонски температури, пример, летно време достигнува над 35 степени.

Проблемот таму е што кога е зима, стварно е зима, без попуштање, па Јакутск има дочекано и -71 степен Целзиусов, иако просекот е некаде околу -45 степени.

Тајната на преживување на овие температури е крзнени бунди, под кои има неколку слоеви џемпери и маици, дебели пантолони со засилување под нив, дебели чорапи и традиционални чизми од елен, со задолжителна шубара и ракавици. Или на кратко, препораката е зимно време да ти се гледаат само очите. Во спротивно сè што е откриено ќе ти измрзне. И со сето ова на тебе, правилото е дека надвор не седиш подолго од 15 минути.

На цел тој студ, празнотија и немање луѓе, во Јакутија се копа една четвртина од сите дијаманти во светот.

Заради постојаниот мраз Јакутск има и некои урбанистички особености што не се повторуваат во остатокот од светот. На пример, нема подземни гаражи, сите згради се градат на столбови на еден метар над земја, а целата инфраструктура од најразлични цевки (гасовод, вода...) кои би требало да бидат под земја, исто така е над земја.

Во помалите градови на Јакутија каде луѓето се уште имаат полско ВЦ, без централна канализација, главното правило е да чекаш до последен момент за што е можно побрзо да завршиш работа.


Јакутија има стандардна сообраќајна мрежа, не дека сите се на санки со ирваси. Тоа што не е стандардно е дека во зима во Јакутск колата не се гаси дур не дојде пролет. Цела зима, дење, ноќе, колата работи, затоа што ако ја изгасиш на -40 нема течност во нејзе што нема да замрзне.

Ако ја изгасиш, прв чекор е да земеш бренер за греење, да го запалиш и да го насочиш кон колата и да чекаш. При операцијата може да се случи да ти се стопи крилото, ама важно колата ќе запали.


На местово каде што луѓево прават дупка за да ловат риба мразот при крајот на зимата во февруари е дебел околу 1,2 метри. Бонус, ако оставиш мамец преку ноќ, утредента од ново ќе треба да копаш дупка.


Нормално, имаат и сточари:

 

И пазар на отворено:

 

Некои туристи што дошле зимно време во Јакутск, на умерени -40 степени:

 

И уште еден турист:

4 ноември 2021 - 16:30