Вести

Владата ги учи Швеѓаните да бидат дрски кон сомнителни лица

Повозрасните Швеѓани, воспитани да бидат учтиви и љубезни кон туѓинци и сомнителни лица, се најчестите жртви на измамници, кои со лажни приказни лани им украле речиси половина милијарда евра. Нова кампања ги повикува граѓаните да одговараат подрско на сомнителни разговори и да им ја треснат вратата на униформирани лица кои им бараат пари.

Биокомпјутер со ДНК-чипови во капка вода

Научници конструираа функционален компјутер што може да врши аритметички операции со помош од ДНК. Иако е страшно бавен, се покажал како енергетски поефикасен од постоечките био-компјутери, кои поврзуваат живи клетки со традиционален хардвер. Не следи организиран процес, не прави неповратни чекори, а сепак на крајот секогаш го дава точниот одговор.

Милион долари не се доволно за место меѓу најбогатите 10% во Америка

Кој не сака да биде милионер? Општо прифатен став е дека седумцифрената сума обезбедува луксузен живот. Во денешна Америка, сепак, милион долари повеќе не се доволни за да се биде во елитниот клуб на најбогатите 10%, и едвај може да обезбеди удобни пензионерски години. Како што се оди повисоко, пирамидата на богатството е уште пострмна.

Речник

Трамп го испрати Си со полни очи и празни раце

Трамп го пречека Си Џинпинг во Белата куќа со највисоки почести, пофалби, подароци и раскошна вечера, но без волја за суштински пробив за проблемите што ги оптоваруваат меѓусебните односи. Клучните спорови за царините, трговијата, развојот на ВИ, чиповите, ситуацијата околу Тајван и синџирот за снабдување со ретки минерали се одложуваат за некој иден самит.

Мигрантите ја прекроија политичката карта на Германија

Неодамнешните регионални избори покажаа како миграцијата ја променила политичката карта на Германија. Натурализираните дојденци, кои годинава прв пат имаа право на глас, ги издвоија Берлин и Истокот во два посебни и спротивставени света. Тоа беше видливо и во кампањата, во која дури и социјалдемократите понудија манифест на четири странски јазици.

Сите патишта воделе до - Цариград

Многу од денешните сообраќајни артерии низ Европа се изградени врз патиштата изградени од Римјаните. Анализа на досега најтемелното дигитално мапирање на патната карта од пред 2.000 години покажува дека Рим всушност бил далеку од главниот коридор во античката сообраќајна мрежа. Многу поважни јазли биле Византион, Антиохија, Коринт и Анкира.

Ошуриле 5 милијарди евра од фондот на ЕУ за помош по пандемијата 

Европското јавно обвинителство активно води повеќе од 500 истраги за измами поврзани со фондот на ЕУ за закрепнување од пандемијата со кои била направена штета од вкупно 5 милијарди евра. Две третини од случаите се за Италија, која побара и доби најмногу пари. Фондот ќе биде затворен во август, а непотрошени останаа 183 милијарди евра.

ЦИА спрема курдски милиции да војуваат против Иран

Трамп вели дека нема намера за копнена инвазија врз Иран, но бара сојузници кои би го сториле тоа наместо Американците. ЦИА преговара со курдските милиции од регионот да отворат фронт во западен Иран и да поттикнат народно востание. Израел со проектили веќе им го чисти патот. Ова води кон граѓанска војна, во која Турција и Пакистан нема да останат рамнодушни.

Венецуела пак не е раат од Трамп

Трамп неодамна јавна ја пофали ВД претседателката Делси Родригез за кооперативност со САД и ја поздрави Венецуела како „нов пријател и партнер“. Во бекстејџ, сосема друга приказна. Американските обвинители работат на бекап план и билдаат обвинение против неа, во случај да поверува дека стварно таа ја води државата и да заборави дека Вашингтон ја држи на краток ланец. 

Војната против Иран ќе ги чини САД 210 милијарди долари

Уште пред да ги истрелаат првите проектили врз Техеран, САД потрошиле 630 милиони долари на собирањето на армадата во Персискиот Залив. За операцијата Епски гнев се проценува дека ќе потрошат близу 200 милијарди долари. И тоа во најдобро сценарио. Ако војната ескалира и продолжи со месеци, трошоците за Америка ќе бидат уште повисоки.

Во бордот на Трамп се кој од кој кршачи на човекови права

„Војната е мир“ беше еден од слоганите на Министерството за вистина во романот „1984“ на Џорџ Орвел. Во таа приказна се вклопува Одборот за мир во Газа, кој Трамп го замислува како нови Обединети нации, ама од Тему. Повеќето од земјите чии лидери ја прифатија поканата за членство се обвинети за прекршување на човековите права, дури и од Стејт департментот.

Само две земји ќе преживеат глобална нуклеарна војна

Неодамнешен експеримент со вештачка интелигенција покажа дека ако почне трета светска војна, сигурно ќе прерасне во нуклеарна. Сценариото го продолжуваме со една добра и една лоша вест: Добрата е дека две земји ќе го преживеат нуклеарниот холокауст. Лошата вест е дека ние не сме меѓу нив.

На миротворецот Трамп му тргна со војни

Една од причините зошто Американците гласаа за Трамп е зашто не сакаат нивни војници да гинат на далечни фронтови. Трамп ги критикуваше воените авантури на своите претходници и се претставуваше како миротворец кој запрел осум војни. А, всушност за една година нареди повеќе напади отколку во целиот прв мандат, од Карибите до Персискиот залив.

Ајатолахот што фрли фатва за САД добил грант за толеранција

Насер Макарем Ширази, еден од двајцата шиитски верски лидери што ги повикаа муслиманите да ја одмаздат смртта на Али Хамнеи, своевремено во Британија формирал добротворна организација и добил грант од 15.000 фунти за промовирање религиозна толеранција. Повикот за крвна одмазда на Хамнеи досега најжестоко одекна во Ирак и во Пакистан.

Преговорите како камуфлажа за почнување војна

Разни извори потврдуваат дека преговорите со Иран течеле добро и дека Техеран прифаќал и услови кои претходно, уште од времето на Обама, му биле неприфатливи. Па сепак Иран беше нападнат. Преговорите беа само маска, одлуката за војна е донесена неколку недели претходно а скриптата е позната со децении. Венс немаше што попаметно да каже па рече дека отстапките на Иран „не им мирисале добро“   

Хамнеи бил фатен на „сејф сити“

Иранскиот режим ги користел камерите за безбедност на сообраќајот во Техеран за да ги следи своите противници. Но, камерите пред години биле хакирани и од израелската служба Мосад, која будно следела сè на улиците. И кога во саботата специфична колона возила се паркирала пред резиденцијата на ајатолахот, биле лансирани проектилите што го убија Али Хамнеи.

Нападот врз Иран е неразумен и неуставен

Како член на комисии со пристап до доверливи информации, сенаторот Тим Кејн тврди дека немало непосредна закана од Иран за Америка што би оправдала САД да му се приклучат на Израел во офанзивна војна против Иран, и тоа додека се водат дипломатски преговори со Техеран. Одлуката е донесена без дебата и гласање во Конгресот, како што налага Уставот.

Американците се против војната на Трамп во Иран

Војна на Трамп против Иран веројатно ќе го задоволи само Израел. Едвај една четвртина од Американците ја одобруваат неговата ризична воена авантура, покажува нова анкета. Токму падот на поддршката се толкува како една од причините зошто на САД и на Израел им се брзало да ја почнат војната, пред да им се затвори целосно „прозорецот“ на одобрување од јавноста.

Истокот гори, Западот се клади

Неколкумина коцкари заработиле стотици илјади долари од смртта на Али Хамнеи и од несреќата на Иранците. Непосредно пред да почне војната, се обложиле дека ајатолахот „повеќе нема да биде на власт“. Одлуката за нападот ја знаеле само најблиските соработници на Доналд Трамп и на Бенјамин Нетанјаху. Синот на Трамп е советник во кладилницата Полимаркет.

Џефри Сакс за Иран: Можна е светска војна

САД и Израел можеби се излажале во планот дека со бомбардирање и ликвидација на иранските лидери ќе го соборат режимот во Техеран и ќе воспостават целосна доминација на Блискиот Исток и во светот. Американскиот економист Џефри Сакс предупредува дека судирот може да прерасне во светска војна, бидејќи Иран дава силен отпор и има моќни сојузници.

Рекорден број повторувачи во основните училишта во Германија

Ако германската индустрија сака да се натпреварува со автомобилите и роботите од Кина, промените мора да почнат од основното образование. Нови податоци покажуваат дека рекорден број од над 41.000 ученици го повториле првото одделение. Ова е најизразено во средините со имигранти, каде што децата не одат во градинка и не знаат да зборуваат германски.

Како Советите беа прелажани за НАТО

Бидејќи проширувањето на НАТО со децении е очигледен процес кој не може да се негира, на Запад провејуваа наративи кои го релативизираа ветувањето на западните лидери дека НАТО нема да оди на исток „ни за сантиметар“. Се тврдеше дека е тоа е извадено од некој разговор, дека Советите “така разбрале“, дека Горбачов само „го слушнал она што сакал да го слушне.“

Британската влада шпионирала милиони луѓе во електрични автомобили

Милиони возачи на електрични автомобили во Британија со години биле следени од владата преку нивните мобилни телефони. Операторите O2, Tesco и Sky Mobile, доставувале до владата историја на сообраќајот на интернет и записи од апликациите ако било кој во колите барем еднаш месечно се најавувал на веб-страницата поврзана со електричните возила.

Како ултрабогатите ќаруваат милијарди со уметнички дела?

Освен што сведочат за педофилијата и уцените во кругот на американската и светската елита, досиејата на Епстин ја откриваат и стратегија со која ултрабогатите додаваат милијарди на своето богатство. Ремек-делата од сликари од рангот на Пикасо не само што им ги красат салоните во палатите, туку и им даваат пристап до заеми од стотици милиони долари.

Како преку паметен избор на снабдувач со струја да заштедите и до 40 отсто на сметките?

Во услови на либерализиран пазар на електрична енергија, компаниите имаат можност самостојно да изберат снабдувач и директно да влијаат врз своите трошоци за струја. Разликата не е симболична – во одредени случаи, заштедата може да достигне и до 40%.

По Америка, и Европа го бара скалпот на Франческа Албанезе

Експертката на ОН Франческа Албанезе обвинува европски земји дека се придружиле во обидите на САД да ја отстранат од позицијата само поради тоа што ги критикува израелските напади врз Газа. Нејзиното семејство поднесе тужба против администрацијата на Трамп, која ѝ ги блокира сметките за да ѝ го направи приватниот живот неподнослив. 

Шпанија нема капацитет да легализира половина милион мигранти

Планот на социјалистичкиот премиер Педро Санчез за масовна легализација на половина милион имигранти може да пропадне, зашто Шпанија нема капацитет да обработи толку многу барања. Канцелариите се преоптоварени со барања од лани, нема упатства за апликациите, а имигрантите им плаќаат на посредници да им обезбедат термини.

Мекдоналдс дење отстранува слики од бургери поради Рамазан

Синџирот за брза храна Мекдоналдс во Германија почна рекламна кампања со која настојува да не ги доведува во искушение муслиманите што постат за време на Рамазан. Ќе забранат ли слики од млади девици за да не доведат во искушение луди терористи да се дигаат во воздух?

Ако дојде до светска војна, ќе биде нуклеарна

Уште од времето на Студената војна светот стравува дека целата планета може да отиде по ѓаволите ако некој непресметлив лидер го притисне „црвеното копче“ за нуклеарен напад. Но, вештачката интелигенција би била многу понемилосрден командант. При симулација на светска војна, модели со ВИ во 95% од случаите употребиле атомски бомби.