Како Советите беа прелажани за НАТО

Бидејќи проширувањето на НАТО со децении е очигледен процес кој не може да се негира, на Запад провејуваа наративи кои го релативизираа ветувањето на западните лидери дека НАТО нема да оди на исток „ни за сантиметар“. Се тврдеше дека е тоа е извадено од некој разговор, дека Советите “така разбрале“, дека Горбачов само „го слушнал она што сакал да го слушне.“

Декласифицирани документи покажуваат безбедносни гаранции до советските лидери околу проширувањето на НАТО од Бејкер, Буш, Геншер, Кол, Митеран, Тачер, Херд, Мејџор....

Познатата гаранција на американскиот државен секретар Џејмс Бејкер „ниту еден инч кон исток“ за проширувањето на НАТО на неговата средба со советскиот лидер Михаил Горбачов на 9 февруари 1990 година, е само дел од каскада од гаранциите за советската безбедност дадени од западните лидери,  покажуваат декласифицирани американски, советски, германски, британски и француски документи објавени деновиве од Националната безбедносна архива на Универзитетот Џорџ Вашингтон.

Документите покажуваат дека повеќе западни лидери го отфрлале членството на Централна и Источна Европа во НАТО а подоцнежните советски и руски поплаки дека биле измамени во врска со проширувањето на НАТО биле засновани на писмени меморандуми и телефонски консултации на највисоко ниво.

Бејкер до Горбачов: „Дали би претпочитале обединета Германија надвор од НАТО, независна и без американски сили или би претпочитале обединета Германија со врски со НАТО и гаранции дека нема да има проширување на сегашната јурисдикција на НАТО кон исток?“
Горбачов: „Таквото проширување би било „неприфатливо“

Првите конкретни гаранции од западните лидери за НАТО, на 31 јануари 1990 година ги даде министерот за надворешни работи на Западна Германија, Ханс-Дитрих Геншер. Амбасадата на САД во Бон го информирала Вашингтон дека Геншер јасно ставил до знаење „дека промените во Источна Европа и процесот на обединување на Германија не смеат да доведат до „загрозување на советските безбедносни интереси“.

Затоа, НАТО треба да исклучи „проширување на својата територија кон исток, т.е. нејзино приближување кон советските граници“. Во бонскиот допис  се споменува и предлогот на Геншер да ја остави и територијата на Источна Германија надвор од воените структури на НАТО, дури и во обединета Германија во НАТО.

Клучна средба е онаа од 10 февруари 1990 година во Москва помеѓу Кол и Горбачов, кога вториов даде согласност за обединета Германија во НАТО, сè додека НАТО не се прошири на исток. На Советите ќе им треба време да поработат на јавното мислење дома (со финансиска помош од Западните Германци) пред формално да го потпишат договорот во септември 1990 година. Но и шест месеци подоцна, според дневникот на британскиот амбасадор во Москва, британскиот премиер Џон Мејџор лично го уверил Горбачов дека „не зборуваме за зајакнување на НАТО“.

Епилог:

б

 

28 февруари 2026 - 11:28