Неиспровоцираната американско-израелска војна против Иран, започната на 28 февруари, била планирана со месеци а датумот на започнување бил одлучен пред неколку недели, во време кога САД и Иран водеа индиректни нуклеарни преговори, изјавил за Ројтерс израелски функционер за одбрана.
Вашингтон и Тел Авив ги обновија преговорите во февруари за нуклеарната програма на Иран. Трамп беше под притисок од Израел да го принуди Иран да се откаже од збогатување ураниум, од програмата за балистички ракети и од поддршката за регионални фактори.
Во текот на преговорите, Трамп испрати армада од воени бродови и авиони во регионот. По последната рунда, висок американски функционер за „Аксиос“ изјави дека дека разговорите биле „позитивни“.
И министерот за надворешни работи на Оман, Бадр Ал Бусаиди, кој со благослов од САД посредуваше во разговорите, рече дека во разговорите имало не само значаен напредок туку и дека Техеран се согласил на тоа што не го прифаќаше и во времето на Обама, комплетно да се откаже од складирање збогатен ураниум.
Наспроти сето ова, нападнаа.
Ал Бусаиди подоцна кажа дека преговорите што ги посредувал биле „намерно поткопани“ а професорот на Универзитетот Џорџтаун во Катар, Мехран Камрава, изјави дека Израел „се чини започнал напад со цел да ги попречи преговорите“.

Скриптата по која се почна војната беше напишан пред многу години (2009) од тинк-тенк институтот Брукингс.
Неговите аналитичари препорачаа САД да организираат преговори пред планираниот напад за да се создаде лажен впечаток дека направиле сè што е можно за да избегнат војна. Тогаш Иран би можел да биде обвинет за отфрлање на „добар договор“, со што вината би се префрлила на Исламската Република.
Слично како што им беше наместено на Србите во Рамбује.
„Најдобриот начин да се минимизира меѓународното негодување и да се максимизира поддршката е да се нападне кога постои широко распространето убедување дека Иранците добиле, но отфрлиле одлична понуда - толку добра што само режим решен да набави нуклеарно оружје и тоа од зли причини би ја одбил“, се наведува во документот.
На Вашингтон му е јасно дека сите овие елементи ќе бидат познати па од немај каде, ЏејДи Венс ладнокрвно кажа дека решиле да го нападнат Иран затоа што преговорите „не им мирисале добро.“
Мирисот е многу јак, „објективен“критериум за почнување војна.