Вести

Владата ги учи Швеѓаните да бидат дрски кон сомнителни лица

Повозрасните Швеѓани, воспитани да бидат учтиви и љубезни кон туѓинци и сомнителни лица, се најчестите жртви на измамници, кои со лажни приказни лани им украле речиси половина милијарда евра. Нова кампања ги повикува граѓаните да одговараат подрско на сомнителни разговори и да им ја треснат вратата на униформирани лица кои им бараат пари.

Биокомпјутер со ДНК-чипови во капка вода

Научници конструираа функционален компјутер што може да врши аритметички операции со помош од ДНК. Иако е страшно бавен, се покажал како енергетски поефикасен од постоечките био-компјутери, кои поврзуваат живи клетки со традиционален хардвер. Не следи организиран процес, не прави неповратни чекори, а сепак на крајот секогаш го дава точниот одговор.

Милион долари не се доволно за место меѓу најбогатите 10% во Америка

Кој не сака да биде милионер? Општо прифатен став е дека седумцифрената сума обезбедува луксузен живот. Во денешна Америка, сепак, милион долари повеќе не се доволни за да се биде во елитниот клуб на најбогатите 10%, и едвај може да обезбеди удобни пензионерски години. Како што се оди повисоко, пирамидата на богатството е уште пострмна.

Речник

Трамп го испрати Си со полни очи и празни раце

Трамп го пречека Си Џинпинг во Белата куќа со највисоки почести, пофалби, подароци и раскошна вечера, но без волја за суштински пробив за проблемите што ги оптоваруваат меѓусебните односи. Клучните спорови за царините, трговијата, развојот на ВИ, чиповите, ситуацијата околу Тајван и синџирот за снабдување со ретки минерали се одложуваат за некој иден самит.

Мигрантите ја прекроија политичката карта на Германија

Неодамнешните регионални избори покажаа како миграцијата ја променила политичката карта на Германија. Натурализираните дојденци, кои годинава прв пат имаа право на глас, ги издвоија Берлин и Истокот во два посебни и спротивставени света. Тоа беше видливо и во кампањата, во која дури и социјалдемократите понудија манифест на четири странски јазици.

Сите патишта воделе до - Цариград

Многу од денешните сообраќајни артерии низ Европа се изградени врз патиштата изградени од Римјаните. Анализа на досега најтемелното дигитално мапирање на патната карта од пред 2.000 години покажува дека Рим всушност бил далеку од главниот коридор во античката сообраќајна мрежа. Многу поважни јазли биле Византион, Антиохија, Коринт и Анкира.

Како на Орбан да му се осигура победа за да се откаже од блокадите?

ЕУ не сака да ја темели својата поддршка за Украина врз очекувањата дека ќе се ослободи од Виктор Орбан со негов пораз на унгарските избори. До април Киев може да банкротира. Затоа Брисел разви нова тактика: ќе му даде поддршка на Орбан и ќе го отвори нафтоводот Дружба за да го убеди да го деблокира заемот од 90 милијарди евра за Украина.

Гејтс призна афери со Русинки, ама не му ги наместил Епстин

Бил Гејтс призна дека имал афери со две руски жени, но инсистираше дека тие не биле жртви на мрежата за проституција на Џефри Епстин. Извинувајќи им се на вработените од својата фондација, милијардерот изјави дека било „огромна грешка“ што се среќавал со Епстин и поради тоа што во неговиот круг вовлекол директори од фондацијата.

ФБИ тајно го следеле нивниот сегашен шеф

Како дел од операција насочена против Доналд Трамп и неговите соработници, ФБИ во времето на Џо Бајден тајно ги презел записите за телефонските јавувања на Кeш Пател и Сузи Вајлс. Актуелниот шеф на Федералното биро за истраги и шефицата на кабинетот на Белата куќа тогаш биле обични цивили. Документите за операцијата ФБИ ги криел во папки со натпис „забрането“.

Ќе се одважи ли Европа на директни разговори со Путин?

Со тоа што ригидно ги прекина односите со Кремљ, Европската Унија самата се дисквалификуваше како фактор за крај на војната во Украина и за иднината на односите на континентот воопшто. Во последно време, сепак, ставот на ЕУ не е униформиран. Макрон беше првиот што побара отворање канали за разговори со Путин, но Мерц и Калас се против.

Пензионер под истрага затоа што го нарекол Мерц „Пинокио“

Германската полиција покрена истрага против пензионер само затоа што на својот профил на Фејсбук ги нарекол канцеларот Мерц - „Пинокио“. Правни експерти ја оценија истрагата како „хистерично лудило“, а САД го запишаа случајот како уште еден пример од долгата низа на нарушувања на слободата на изразување во Германија.

Орбан ја крева армијата да ја брани Унгарија од украински саботери

Премиерот Виктор Орбан предупредува дека нападите од Украина врз неговата земја нема да запрат на блокирање на руската нафта преку нафтоводот Дружба. Најави дека со војска и полиција ќе ја зајакне безбедноста околу критичните центри на инфраструктурата, за да спречи обиди на украински саботери да го загрозат енергетскиот систем на Унгарија.

Хусо ја одра Германија

Босански државјанин, идентификуван само како Хусо Б., е еден од најспектуларните случаи на странец кој ја злоупотребува дарежливата социјална помош на Германија. Човекот до ден- денес секој месец редовно зема над седум илјади евра од државата иако за него веќе 23 години има наредба веднаш да ја напушти државата. 

Наместо со пендрек, Зеленски ќе мобилизира со високи плати

Зеленски долго време ги отфрлаше како „руска пропаганда“ извештаите за присилна мобилизација на украинските регрути. Сега признава дека оваа стратегија за зајакнување на фронтот била катастрофална и најави преминување кон „рускиот модел“ – склучување професионални договори за воена обврска. Има само еден проблем – нема пари за плати и бонуси.

На LinkedIn уште душата му ја немате дадено

Корисниците на LinkedIn што сакаат да добијат „син знак“ за автентичност на профилот, всушност прифаќаат да ги споделат своите приватни податоци со американските власти и со 17 надворешни компании. Сè е детално објаснето со ситните букви од Политиката за приватност и Условите за користење - не на LinkedIn, туку на непознатата компанија Persona.

Деца од Косово и Албанија во мрежата на Епстин

Сибел Едмондс, поранешна преведувачка и аналитичарка во ФБИ, открива дека некои од најмрачните операции на мрежата на Џефри Епстин се случиле на Западен Балкан. Неговата мрежа го искористила повоениот хаос во Косово и Албанија за да воспостави масовна операција за трговија со луѓе и уцена, со клучни соработници од Израел и Обединетите Арапски Емирати.

Како Канада стана посиромашна од Алабама?

Канаѓаните со неверување ја примија веста дека нивната економија е приближно еднаква на онаа во Алабама. Како е можно земја што е членка на групата седум најразвиени земји да се споредува со една од најсиромашните американски сојузни држави? Накусо: поради бирократијата и колебливоста. За утеха, животот на северот сепак е поквалитетен.

Нептун во Прилеп: Истата локација, сосема ново искуство!

На 25 февруари, од 10:00 часот, Нептун повторно ги отвора вратите на својата продавница во Прилеп на истата, добро позната локација, но со целосно нов концепт, модерен изглед и значително унапредено купувачко искуство.

Сирија бара од Германија да почека со депортацијата на бегалците

Властите во Дамаск побараа од Берлин да не ги депортира веднаш назад сириските бегалци, кои по падот на режимот на Асад го изгубија правото на азил во Германија. Бараат повеќе време за реконструкција на домовите и инфраструктурата. Ова барање ја подели кревката коалиција на конзервативците и социјалдемократите во владата на Мерц.

Климатската корупција во ЕУ го руши легитимниот активизам

Граѓаните на ЕУ ја плаќаат климатската сметка од 8,8 милијарди евра иако таа е проследена со сериозен скандал: дел од тие пари биле пренасочени кон левичарските НВО-а да лобираат против  скептиците кон политиките на Урсул Фон дер Лејен. Дури и случајот на Ле Пен бледее во споредба со милионските злоупотреби на Брисел. Резултат: 70% од граѓаните на ЕУ се убедени дека нивната држава е корупирана.

Русија сè уште извезува повеќе нафта отколку пред војната

Наспроти 19-те пакети санкции од Европската Унија, ембаргото од Г7 и индиректните царини од Трамп за купувачите, Русија сè уште извезува повеќе нафта отколку пред четири години, кога ја почна воената инвазија врз Украина. Санкциите само ја спуштиле цената, па Москва има помали приходи за 27% во споредба со февруари 2022 година.

Милитаризацијата на Косово е опасно играње со буре барут

Трансформацијата на безбедносните сили на Косово, агресивното вооружување, регионалните сојузи и провокативните воени маневри, сето тоа поттикнува ескалација на тензиите во регион веќе обележан со етнички судири и геополитички соперништва. Милитаризацијата на Косово ризикува да ја разбие деликатната рамнотежа воспоставена по војната во 1999 година, потенцијално поттикнувајќи поширока нестабилност.

Политичка битка во Берлин за „боледувањата по телефон“

Владејачките конзервативци во Германија ја одобрија иницијативата да се забранат боледувања пријавени по телефон. Мерката беше воведена во времето на пандемијата, кога на вработените им беше дозволено со едно јавување кај матичниот лекар да добијат до пет дена платено отсуство. Бизнисот трпи, но социјалдемократите блокираат укинување на привилегијата.

ЦИА поништува пристрасни извештаи од времето на Обама

Американската разузнавачка агенција признава дека од администрациите на Бајден и Обама добивала политички насоки при изготвувањето извештаи. ЦИА мешала идеологија со безбедност и трошела време и пари на теми како предизвиците на ЛГБТ активистите во исламскиот свет или влијанието на пандемијата врз планирањето семејства во земјите во развој. 

Исланд сака по брза постапка во ЕУ

Брисел повторно го менува компасот за проширувањето на ЕУ. Да не беше отпорот од Виктор Орбан, веднаш преку ред би ја примил Украина, иако Киев не исполнува ниту еден од условите. Се врти кон Исланд, кој има стратегиски важна позиција на Арктикот. Балканските земји, кои порано беа во фокусот, сега не се интересни и може да чекаат.

Тесла се откажа од „автопилотот“ за да се продава во Калифорнија

Компанија на Илон Маск мораше да се откаже од вградувањето и промовирањето на опцијата „автопилот“ во возилата Тесла за да може да се продаваат во Калифорнија. Властите во оваа држава тврдат дека терминот може да ги поттикне возачите буквално да кренат раце од воланот, иако мораат активно да управуваат со возилото.

Канада ќе ја зајакнува војската со имигранти

За да го спроведе планот од 6,6 милијарди долари на премиерот Карни за зајакнување на одбраната, Канада ќе мора да увезува обучени војници и офицери со искуство. За да ги привлече регрутите од странство, им нуди експресно брз процес за добивање државјанство, слично на стратегијата што досега важеше за инженери, лекари и квалификувани занаетчии.

Милијардерите си ги штитат децата од производите кои ги збогатија

Идејата дека употребата на социјалните медиуми е штетна за младите луѓе постои со години и постојано се вадат нови докази за тоа. Ако не им верувате на истражувањата, верувајте им на самите технолошките лидери кои ги изградија тие империи што им донесоа милијарди. Наспроти она што го промовираат за другите, кога станува збор за нивните сопствени  деца, овие моќници се крајно рестриктивни.

Џон Клиз: Работата не е за смеење

Во класичната филмска комедија „Рибата наречена Ванда“, Џон Клиз има ваква реплика: „Дали имате идеја како е да се биде Англичанец? Да се ​​биде екстремно  коректен цело време, да се биде постојано задушен од страв да не направиш нешто погрешно“. Денес 86-годишниот Клиз има далеку поопиплива секирација што е Англичанец: дали неговото практикување на слободата на говорот ќе го направи криминалец во сопствената земја.

Тепајте, само не кршете коски

Британски Телеграф пренесува делови од Кривичниот закон кој го донеле талибанците и кој освен што забранува школо за девојчиња постари од 12 години а воведува и термин „роб“ за што веќе пишувавме, педантно ја опишува црвената линија на домашното насилство: скршени коски или отворени рани. Жената тоа треба да го докаже во присуство на машки старател. Погаѓате кој е старателот.