Нептун во Прилеп: Истата локација, сосема ново искуство!

На 25 февруари, од 10:00 часот, Нептун повторно ги отвора вратите на својата продавница во Прилеп на истата, добро позната локација, но со целосно нов концепт, модерен изглед и значително унапредено купувачко искуство.

По повод свеченото отворање, Нептун подготви 100 награди за посетителите, како и двојно поени за секое купување, што го прави овој ден идеална можност за паметен шопинг. Целиот настан ќе биде проследен со добра забава, пријатна атмосфера и музика, создавајќи вистинско шопинг-доживување за сите генерации.

Како дел од BALFIN Group, Нептун континуирано инвестира во модернизација, подобрување на услугите и создавање на простори кои одговараат на современите потреби на купувачите.

Новата продавница во Прилеп нуди повеќе простор, појасна организација на одделите и подобрена понуда, со што купувањето станува побрзо, полесно и попријатно. Посетителите ќе можат да се запознаат со најновите технолошки производи, иновативни решенија за домот, како и со стручна поддршка од тимот на Нептун, подготвен да помогне при секој избор.

Со ова ре-отворање, Нептун уште еднаш ја потврдува својата улога како сигурен партнер на потрошувачите во Прилеп, носејќи квалитет, доверба и иновации – токму таму каде што се најпотребни.

(Комерцијален оглас)

24 февруари 2026 - 13:41