Вести

Евтин бурбон ги потепа скапите и ексклузивни ривали

Шише бурбон од Кентаки кое чини 1.370 денари освои едно од најголемите признанија во годината, победувајќи вискија што чинат и 10 и 20 пати повеќе од него. Стар рецепт, рачно насликано лого... Не го барајте кај нас по рафтови. За жал, се продава само во Кентаки.

Џон Клиз на тапет зашто се закача со исламот

Легендата на „Монти Пајтон“, Џон Клиз, нагазува уште повеќе на тема ислам откако активисти поднесоа жалба со која побараа од британската програма за борба против радикализацијата да се испита случајот поради неговите ставови. Сите на кои им пречат неговите критики на исламот, Клиз ги потсетува да видат како беше третирано христијанството од него и другите монтитпајтоновци. 

Кој ги запали младите во Франција?

Се крева чад во близина на Ајфеловата кула, горат училишта, Париз е блокиран со барикади... Протестите што почнаа во училниците поради претерано напорен распоред на часовите прераснуваат во уличен хаос, потпалуван од левичарски и од исламистички групи, кој може само да биде подарок за претседателските амбиции на Марин Ле Пен.

Речник

Сопствен дом е сомнителна инвестиција

Во менталитетот на Американците е вградена теоријата дека поседувањето сопствен дом е сигурна инвестиција, која гарантира финансиски успех поради долгорочниот раст на цените на недвижностите. Сепак, анализа на „Волстрит журнал“ укажува дека во повеќето случаи е поисплатливо да се живее под кирија, а парите издвоени за домот да се оплодат со инвестиции.

Германците најмногу се плашат од сопствената влада

Помина времето кога Германците беа загрижени од климатските промени или од ризикот од војна. Главниот страв сега им e дали ќе останат без пари, состојбата на економијата и особено нефункционалноста на државата, покажува новото годишно истражување German Angst. Друга анкета покажа дека рејтингот на одобрување на канцеларот Мерц паднал на рекордно ниски 10%.

Во името на светиот Клод, ентер

Муабети во Силициумската долина стануваат сè почести дека инжинерски кругови околу моделот на вештачка интелигенција, Клод, кон него се однесуваат како кон божество. А моделот на човечкото однесување во такви ситуации е познат. Прво обожуваш, па коленичиш пред него па на крај му принесуваш жртви.

Остајте ги антителата на раат

Како што се зголемува бројот на луѓето кои прележале ковид, така помасовна станува манијата да се проверува дали и колку антитела се имаат добиено по природен пат (пошто од бовчата  допрва ќе станеме бројни). Се заборава една многу битна работа: анти-телата служат за мемоари, не за прогнози. 

Илон Маск го вика Путин на муабет

Маск има нова омилена (и за сега ексклузивна) социјална мрежа, оваа посветена на аудио разговори, во која би сакал да го види и да разговара со рускиот претседател.

Кина сака да знаете дека ги пушти во служба „супер-војниците“

Последно од тоа што кинеската армија реши да дозволи светот да дознае за нив е дека имаат војници што ги опремуваат со ексоскелетон, и за сега служат за разнесување намирници каде што џип не стига.

Во оковите на ковид апсолутизмот

Кога медиуми како Њујорк тајмс почнуваат да пишуваат дека се претерува забраните, хистеријата на маските и хигиенскиот театар, останува само уште Караџовски да верува дека треба да носиме маски надвор затоа што вирусот кмиши по улици а ние го дигаме со нашето одење. Стварно, можно ли е после онолкава медицинска кариера некој да си дозволи да го памтат по така глупа изјава?

Најфасцинантната ковид приказна се вика Бутан

На седми јануари годинава, 34 годишен човек, со постоечки проблеми со бубрезите и црниот дроб, бил примен во болница во главниот град на Бутан, Тимпу. Починал од корона и тоа е прва жртва во земјата од оваа болест. Не прва жртва тој ден, таа недела или месец, туку првата жртва од почетокот на пандемијата. Можеби фактот дека отпорот им е во сржта на националниот идентитет, има некаква врска со тоа.

Врв на љубомора

Лошо: жена повеќекратно го прободува својот сопруг со нож. Полошо: затоа што на мобилниот му открила слики со помлада и послаба жена. Врв на љубомора: сликите се од нејзе кога била помлада и послаба жена.

Бајден масовно поништи политики на Трамп, освен тие за мигрантите

Во рафалното укинување на одлуките на претходниот претседател, Бајден беше крајно внимателен која од извршните наредби на Трамп што спречува влегување на мигранти во САД или дозволува нивно депортирање во Мексико ќе му заврши под пенкалото.

Дали кафе може да биде десничарско?

Четворица поранешни американски соборци од војните во Ирак и околината, во 2014 формираат компанија за кафе. И сè оди добро се до 2020 и целото лудило, протести, пандемии и што сè не што годината ги донесе (a кое периодов нагло се стиши).

15 хеџ-менаџери за 2020 земале плата од вкупно 23 милијарди долари

Ова не е заработката што ја донеле за своите хеџ-фондови, туку парите што од таму на овие 15 мажи им биле исплатени (сосе хранарина и превоз) како плата и бонуси за 2020.

Дали и американската химна ќе оди курбан во име на „освестеноста“?

Во една налик излишна вест што беше објавена деновиве се наведува дека НБА тимот Далас Маверикс ќе почне да ја пушта американската химна пред почетокот на секој натпревар. Зошто би било ова вест кога американската химна се пушта од првиот ден на постоење на НБА?

За сите насекирани за Навални, еден збор - Асанж

Пратеничка нa Европскиот парламент озбилно запука по лицемерието на овој храм на демократијата и чувар на човековите права во кој деновиве не може доволно да се оплака судбината на Алексеј Навални ама затоа со години не смее да му се спомне името на Џулиен Асанж. За иронијата да биде на најјако, на овој нејзин говор, Твитер му залепи етикета дека е „сензитивна содржина“.

Франција е загрижена од "будење" на американски начин

Дел од француската интелектуална јавност со стаписаност гледа како во земјата се увезуваат наративи и теми од САД и смета дека целото тоа квази-левичарење, разбуденост и кансел култура кои доаѓаат од американските универзитетски кампуси директно ги поткопува особеностите на француската култура и идентитет.

Ќерката и зетот на Трамп се до 640 милиони долари побогати по 4-те години мандат

Злонамерниците ќе се обидат да ги заобиколат образованието, интелигенцијата, амбициозноста и искуството на брачниот пар Иванка и Џаред кога ќе ги дискутираат 640-те милиони што ги заработиле за време на претседателскиот мандат на Трамп, и нема да згрешат.

Џандар, џандар, па ќе му текне

Американската полиција од што е кабает мора по цели денови да трпи кој стигне да ја снима, и секој нивен чекор да биде објавуван по најразлични Јутјуб канали или која и да е социјална мрежа. Ама да се разбереме, не дека и ним не им текнуваат фори.

Снегулки, пазете се од Црна Гуја

Легендарната британска комедија „Blackadder“ (кој тогаш го засакал Роуан Аткинсон, до ден денес не може да се изначуди што е смешно со Мистер Бин) доби предупредувачка порака дека содржи навредлив говор а во некои епизоди и дека е расистички спорна. На Болдрик требаше да му е јасно дека времето на остроумните како него допрва доаѓа.

Фејсбук се стави на браникот во битката за вакцините

После години гноење на најразлични заговори околу вакцините (и што сè не) Фејсбук одлучи дека ќе почне да ги брише сите лажни тврдења околу вакцините, а групите со повеќе прекршоци на темата ќе бидат згаснати.

За Техеран, Трамп и Бајден се Курто и Мурто

Кога Доналд Трамп еднострано го откажа договорот со Иран и на таа земја ѝ зачука нови санкции, неговите политички противници тоа бучно и едногласно го оценија како опасен, погрешен и безумен потег на лудиот американски претседател. Нормалниот Бајден сега вели дека нема да ги дигне санкциите.

Јутјубер застрелан и убиен при обид на „пранк“ грабеж

20-годишен дечко е убиен во Нешвил додека со другарите се обидувал „на шега“ да ограбува непознати луѓе на улица со надеж дека ќе направи вирално видео за својот Јутјуб канал.

Кога се сака, се руши

Се работи за палата од неверојатни 70 милиони долари, која по одлуката на францускиот суд во скоро време треба да смени агрегатна состојба во куп камења од 70 милиони долари.

Биткоин скокна на 44.000 долари по ишаретот од Тесла

Новиот рекорд за вредноста на биткоин ја надмина границата од 44.000 долари откако Тесла објави дека ќе инвестира 1,5 милијарди долари во криптовалутата.

Џеф Безос е премногу зафатен за да биде директор на Амазон

Кога новинарот на Вајард во 2018 разговара со основачот на Амазон, тој му кажува дека се чувствува ослободено благодарејќи на масовните количества пари што ги има заработено и дека „нема да трошам ни најмал дел од животот на што било што не мислам дека е важно. Едноставно нема да го правам тоа. Немам потреба.“

Драг ни е Навални, ама подраг ни е Северен тек 2?

Германија, истата држава која му беше јатак на Навални по обидот за негово труење, побара од јавноста да ги одвои своите емоции за прекршување на човековите права од страна на Русија од бизнис проектите кои Западот ги има со Русија.

Путиновата вакцина е најдобра во светот

Ваков наслов, чисто колку да се залетаат конкубините и вебинарски бројлери кои се ежат на секое спомнување на Русија и Путин. А потоа брзо да треснат на земја кога ќе видат дека извор не ни е Спутник туку Блумберг.

За Англичаните, вакцинацијата е првиот голем аир од Брегзит

Ослободена од обврските за бескрајни консултации и синхронизации на регулативите со останатите земји од ЕУ, Велика Британија досега вакцинираше 15% од населението. Во 27-те земји членки на блокот, вакцинирани се само 3%.