BBC реши дека две класични хумористични серии кои одат на нивната стриминг платформа заслужуваат предупредувачки етикети: Blackadder и The Fresh Prince of Bel-Air. Вторава никој не знае зошто бидејќи се работи за доста „испран“ хумор, башка со доследно црн кастинг па не се знае кој е гревот.
На иПлерот на БиБиси, бројни епизоди на „Црна Гуја“ добија предупредувачки најави и тоа со различна содржина. На пример, епизодата во која се спомнуваат „чикоси“ во еден муабет за крстоносците почнува со две предупредувања: дека содржи говор кој за некои може да биде навредлив и дека содржи „дискриминирачки говор и содржина“ кои, исто така, за некои можат да бидат навредливи. Двојно предупредување има и рејунион епизодата на Принцот од Бел Ер од 2020 година.
Во ваков мод со ентизијастичко мавање штембили BBC е уште од почетокот на Black Lives Matter; бројни генијални содржини добија „разбудени“ пораки, сè со цeл некој да не се најде навреден.
Овие етикети за „навредлива содржина“ се лоши вести за комедијата. Таа, повеќе од кој било друг жанр, најдобро функционира кога си игра на границата на она што мнозинството го смета за прифатливо. А кога се игра на граница, нормално е таа некогаш да се прејде. БиБиСи тоа најдобро го знаат бидејќи го имаат во сопствениот двор, со Монти Пајтон и други неповторливи примери.
„Ваквиот цензорски рефлекс без сомневање ќе ги охрабри пишувачите и стендап комичарите да произведуваат стерилни и досадни шоуа кои никогаш нема да ризикуваат да наврдат некого, “ пишува Спајкд
Види и:
- Роуан Аткинсон за слободата на говорот
- Навреден си? Па што?
- Џон Клиз: ужасите на политичката коректност