
Како што потеклото на „Black Rifle Coffee“ е чисто воено, така од старт и логото и целата приказна околу компанијата се тераат во тој правец. И од маркетиншки, а и финансиски аспект, сето ова одлично функционира.
Блек рајфл прв пат почнува масовно да титка на радарите на медиумите откако Кајл Ритенхаус (момчето што застрела неколку а уби двајца демонстранти во Кеноша) на 20 ноември минатата година се појави на една слика со маичка од компанијата за кафе.
По сликата Твитер се истура врз Блек рајфл, на што од компанијата реагираат прилично несмасно. Ова крајно ја дистанцира едната страна на американската јавност, но затоа ја привлекува другата страна. (Сето ова според поделбата која беше неподносливо гласна до пред еден месец.)
На 6-ти јануари, дел од лицата што упаѓаат во Капитол Хил носат облека брендирана од Блек рајфл.