Фармацевтскиот стартап Валнева, со септември имаше голема вест за објавување: склучен владин договор за 60 милиони дози од нивниот кандидат за вакцина.
Само што купувач беше Обединетото кралство а не ЕУ, како што би можело да се очекува за компанија сместена на брегот на француската река Лоара. На политичките првенци во тој француски регион не им се верувало каква прилика пропушта нивната држава, немоќно посматрајќи како Англичаните постилаат црвен тепих за вакцината и истураат вагон пари таму кај што треба.
Деновиве Обединетото Кралство нарачало уште 40 милиони дози од Валнева. ЕУ сè уште е во преговори со компанијата.
„Англиското коцкање со вакцините се исплатеше а претпазливоста ја закочи ЕУ“, пишува Бизнис инсајдер велејќи дека оваа разлика во пристапот кон стратешки важната операција за масовно вакцинирање е главна одлика на европската трка по вакцини.
Претседателот на Валнева, Франк Гримо, најприземно објасни зошто вакцини има за Англичаните а другите стојат во редот:
„Тие први потпишаа“.
Освен во потпишувањето договори, ЕУ каскаше зад Британија и во една друга област: британската регулаторна агенција покажа далеку поголема брзина и ажурност во авторизирањето на вакцините.
Не е ова прашање на гола гордост: ЕУ во пандемијата изгуби најмалку 450.000 луѓе.
***********
Кога веќе сме кај коцкањето на Британија, потсетување дека онаа наша зелка знаеше да одигра „ол ин“ само кога требаше на Грција да ѝ даде ексклузивност во користењето на името Македонија и да ни ја прекрсти државата (ќе ја мажел во богата фамилија). За вакцини, локалниот прекупец очигледно немаше што НАШЕ да понуди.
Види: