
Куќата ја гради британски тајкун за недвижности и тоа на ридовите на Прованса. Меѓутоа и покрај сите пари и покрај целото искуство од живот минат во трговија со недвижности, на сопственикот успева да му се протне еден детал околу куќата - нема градежна дозвола за објектот од 70 милиони долари.
Се работи за Патрик Дитер, кој во рок од 18 месеци треба да го отстрани секој траг од објектот од 3.000 квадрати, кој вклучува 18 спални соби, два хелипада, базен, камбанарија и слични додатоци кои се вклопуваат во цената.
Аргументот на Дитер (пред да фркне 70 милиони долари) е дека имал усно одобрение од локалниот градоначалник за проширување на вилата.
Инаку Дитер веќе 15 години е по судови околу својата вила, и последната одлука доаѓа од највисоката судска инстанца во Франција.
Најслаба алка во урбанистичката правдина што го стигнува Дитер е дека ако не ја исполни судската одлука до јуни 2022, му следува казна во износ од 600 долари на ден (220.000 долари годишно). Да потсетиме, вилата вреди 70 милиони долари.