
Според извештаите од кинеската државна телевизија, ексоскелетонот им овозможува на војниците да извршуваат задачи на високи и недостапни предели. Во конкретната локација од репортажата се работи за караула на речиси 4.900 метри надморска височина до која до сега на џип му требало 3 дена за да стигне. Со воведувањето на засилените војници, времето за испорака било „значително намалено“.
Војниците во случајов се распоредени на кинеско-индиската граница, каде последниве месеци Кина распоредува повеќе од своите нови (тајни) оружја, како микробрановото оружје насочено кон индиските војници од карши.
Кина не објавува никакви технички информации за ексоскелетонот, меѓутоа во претходните презентации кинеската народна армија претстави модели напојувани од батерија кои можеа да носат товар над 77 килограми.