Ставот на германскиот министер за економија е дека германската реакција на труењето на рускиот опозиционер не треба никако да се поврзува со изградбата на гасоводот Северен тек 2.
„Бизнис врските и бизнис проектите кои постоеја со децении се една работа, а сериозните прекршувања на човековите права и нашата реакција на нив се сосема друга,“ изјавил министерот Питер Алтмаер за Билд ам Зонтаг.
Алтмаер ги повика градежниците да продолжат со изградбата на гасоводот кој за два пати ќе ја зголеми испораката на природен гас од Русија во Германија. Освен Русија и Германија, ретко кој е за изградбата на овој гасовод.
Претходно во петокот, Меркел исто така се изјасни против поврзување на двете прашања, нешто што стана актуелно откако Русија избрка германски и уште неколку европски дипломати затоа што биле дел од нелегалните протести против затворањето на Навални.