Тестовите за присуство на антитела за коронавирус се само еден дел од клиничката слика за болеста. Дизајнирани да детектираат прологонгирана имуна реакција, тие помагаат да се дознае дали некогаш сме биле ефективно заразени. Своевидна ретроактивна дијагноза.
Денес тоа не се користи така: луѓе масовно се тестираат на антитела за да дознаат дали се „имуни“ на коронавирус, дали можат да се распашаат и да продолжат како Авенџери, а некаде тоа им се бара и за качување на авион.
Главно, во тие тестови се гледа како на пасоши кои обезбедуваат враќање на стариот начин на живот. Резултатите од тие тестови сепак не можат да го дадат одговорот кој од нив се очекува.
Антителата се појавуваат во крвта во нивоа кои можат да се детектираат за една или две недели од почетокот на инфекцијата. Тие се создаваат од т.н. Б клетки кои со себе носат множество анти-вирални функции. Некои од нив се тимски играчи: ќе се закачат на патогенот за да го означат за уништување од други имуномолекули. Други се осамени убијци: ги зграпчуваат клетките на вирусот толку силно што тие не успеваат да влезат во човечка клетка.
Кога имунолошкиот систем ќе го исчисти вирусот, Б клетките кои го препознаваат, одат во став „вољно“ а нивоата на антитела почнува да опаѓа. Б клетките продолжуваат да произведуваат само мал број антитела со недели, месеци а можеби и години, оставајќи во крвта трагови кои можат да се детектираат со тестовите за антитела.
Со оглед на фактот дека антителата каскаат зад вирусот, погрешно тие да се користат дијагностично, за активни корона зарази, бидејќи тестовите трагаат по реакцијата на патогенот, а не по самиот патоген. Единствен исклучок би можел да биде кај оние кои биле болни со денови или недели, а упорно добивале негативни ПЦР резултати. Во таков случај, антителата веројатно се последниот дијагностички извор:
„Освен во такви случаи, не гледам во кои други би користеле резултати од тестови за анти-тела,“ вели директорка на на една американска клиничка микробиолошка лабораторија.
Постои уште еден проблем кој може да избезуми неупатени корисници а тоа се различните тестови. Има тестови кои детектираат присуство на протеинот нуклеокапсид кој го има во коронавирусот но го нема во вакцината на Модерна- нивната вакцина иницирана производство на еден друг протеин на коронавирусот (шилецот) и затоа може да има покаже на луѓе дека немаат никакви антитела, а всушност со нив да е сè во ред.
Оптимистични резултати од тест за антитела не гарантираат дека овие молекули во природни услови ќе можат да го уништат вирусот ниту пак колку долго ќе траат нивните заштитни својства. А за истражувачите од целиот свет и натаму е непознато кое ниво на антитела е неопходно за избегнување инфекција.