Само од 1-ви јануари 2020 до 20 јануари 2021 брачниот пар заработил околу 120 милиони долари, а за вкупно сите 4 години додека работат во Белата куќа (и двајцата беа дел од администрацијата на Трамп) Иванка и Џаред имаат пријавено надворешни приходи од меѓу 172 и 640 милиони долари.
Парот кога го почна својот ангажман во Белата куќа објави дека нема да земаат плата за својата работа, меѓутоа за да не се доведат во незавидна позиција тие продолжија со своите претходни ангажмани. Па така Иванка од 2017 до 2021 има заработено 13 милиони долари како една од сопственичките на Трамп хотелот во Вашингтон ДЦ.
Иако не се знае за која сума се работи, Иванка во 2018 успеа од кинеската влада да добие 16 нови заштитни знаци, меѓу кои еден и за машни за гласање. Сето ова го доби под брендот Иванка, кој претходно објави дека го гаси.
Машката страна во семејството парите продолжи да ги прави во семејниот бизнис со недвижности, кој меѓу другото имаше среќа да добие и даночни олеснувања од американските власти. Пред да почне да работи во Белата куќа, надлежните за етика порачаа дека е потребно Џаред да излезе од семејниот бизнис пред да почне со државна функција. Тоа никогаш не се случи.