15 хеџ-менаџери за 2020 земале плата од вкупно 23 милијарди долари

Ова не е заработката што ја донеле за своите хеџ-фондови, туку парите што од таму на овие 15 мажи им биле исплатени (сосе хранарина и превоз) како плата и бонуси за 2020.

Парите се доволни за најголем дел од нив да стане милијардер во рок од една година, нешто што и не им значи многу бидејќи и претходно главно беа милијардери.

Број еден на листата на Блумберг е Чејс Колман од Тајгер Глобал, кој за 2020 заработува 3 милијарди долари. Главната предност на Колман е што уште со време неговиот хеџ-фонд успева да изгради значаен удел во компании како Зум, Пелотон (статични велосипеди) и кинескиот е-комерц гигант ЈД.ком. Или како што пишува Блумберг:

„Портфолио речиси совршено позиционирано за до сега не забележаното искуство на милијарди луѓе заглавени по дома.“

Една од најуспешните инвестиции на Тајгер глобал е Санран инк. компанија за сончева енергија во која вложуваат 340 милиони долари од кои им се враќаат 1,5 милијарди долари.

Второ пласираниот и третиот на листата годината ја завршуваат со 2,6 и 2,2 милијарди долари.

Најслаб на листата е Гејб Плоткин од Мелвин капитал, кој годината ја завршува со неполни 850 милиони долари, или сумата што Колман ја заработил за помалку од 4 месеци.

11 февруари 2021 - 12:57