Заради ковид-19 на отстрел ќе бидат и дезинформациите за сите останати вакцини, кои ќе го добијат истиот третман бришење + гасење. Ова ќе важи и за постови на корисници и за реклами. Има три главни теми што ќе се следат: дека ковид-19 е создаден во лабораторија, дека вакцините нема да ја спречат болеста и дека е побезбедно да фатиш ковид-19 отколку да се вакцинираш.
„Новата политика веднаш ќе биде спроведена, посебно со фокус на страниците, групите и профилите кои ги прекршуваат овие правила.
Ќе продолжиме да го шириме спроведувањето во текот на претстојните седмици,“ изјавил Гај Росен, задолжен за контент одлуките на Фејсбук.
Иако за страниците не важи истата казна, групите чии корисници повеќекратно ќе споделуваат анти-ваксерски содржини и реторика, ќе бидат изгасени.
Од почетокот на ковид-19 пандемијата Фејсбук прво ги направи анти-ваксерските содржини помалку видливи, меѓутоа не ги отстрануваше. Некаде во декември 2020, тие ги засилија мерките и почнаа да бришат постови околу ковид-19 кои беа докажано погрешни од експертите за јавно здравје. Меѓу нив и тврдењата за поврзаноста меѓу ковид-19 и 5Г, и користа од носењето маски.