До неодамна оптоварена со сомнежи и дилеми, руската вакцина сега е фаворит во глобалната борба против пандемијата на ковид-19, пишува медиумот.
Кога лани во август Владимир Путин објави дека Русија ја има првата безбедна и ефикасна вакцина против коронавирус, тоа во западната јавност, што стручна, што медиумско-пропагандна, беше дочекано со отворен скептицизам. Русија денес може слободно да ги жнее дипломатските дивиденди од најголемиот научен продор кој го има направено од Советската ера.
Државите се редат во ланецот на набавки за вакцината Спутник V, особено по објавата во угледниот научен журнал Лансет дека таа е ефикасна колку американските и европските вакцини, и доста поефикасна од кинеските ривали.
Најмалку 20 држави веќе ја имаат одобрено првата вакцина против ковид, меѓу кои и Унгарија која е членка на ЕУ. Индија и Бразил се на чекор од издавање употребна дозвола а преку 30 земји изразиле подготвеност таа да биде користена или произведувана кај нив.
Резултатите од последните клинички испитувања објавени во Лансет се однесуваат на репрезентативен примерок од 20.000 луѓе и покажуваат ефикасност на вакцината од 91,6%.
Како што веќе беше обелоденето, нашиот керпич наречен држава цели пет месеци ја игногирал понудата на руската амбасада во Македонија во врска со вакцината.
Едноставно, не ни одговориле.
Уште поедноставно, некои работи мора да завршат со судски епилог. Ама па, и не мора. За заедница која повеќе се пали околу тоа кој какви гаќи си купил отколку кој тоа нè остави без вакцини, доволно е да го има менталитетот а не и имунитетот на стадото.