САД ќе продолжат да враќаат назад најголем дел од мигрантите кои пристигнуваат на границата во Мексико, како што тоа беше уредено со одлуката на Доналд Трамп која беше дел од анти-ковид мерките на САД.
Објаснувањето на сегашната администрација е дека одлуката ќе остане за да и се даде време на новата постава да „имплементира похумана процедура за азил“.
Како што ќе порача претставничката на Белата куќа:
„Сега не е време да доаѓате.
Најголемиот дел од луѓето ќе бидат вратени назад.“
Минатата недела откако беа поништени договорите што Трамп ги имаше со централно-американските држави за депортирање на мигрантите, од Белата куќа јасно им порачаа на овие држави дека укинувањето „не значи дека границата на САД е отворена“ и дека „САД е држава со граници и закони кои мораат да бидат спроведувани.“