Вести

Кој ги запали младите во Франција?

Се крева чад во близина на Ајфеловата кула, горат училишта, Париз е блокиран со барикади... Протестите што почнаа во училниците поради претерано напорен распоред на часовите прераснуваат во уличен хаос, потпалуван од левичарски и од исламистички групи, кој може само да биде подарок за претседателските амбиции на Марин Ле Пен.

Сопствен дом е сомнителна инвестиција

Во менталитетот на Американците е вградена теоријата дека поседувањето сопствен дом е сигурна инвестиција, која гарантира финансиски успех поради долгорочниот раст на цените на недвижностите. Сепак, анализа на „Волстрит журнал“ укажува дека во повеќето случаи е поисплатливо да се живее под кирија, а парите издвоени за домот да се оплодат со инвестиции.

Германците најмногу се плашат од сопствената влада

Помина времето кога Германците беа загрижени од климатските промени или од ризикот од војна. Главниот страв сега им e дали ќе останат без пари, состојбата на економијата и особено нефункционалноста на државата, покажува новото годишно истражување German Angst. Друга анкета покажа дека рејтингот на одобрување на канцеларот Мерц паднал на рекордно ниски 10%.

Речник

Во името на светиот Клод, ентер

Муабети во Силициумската долина стануваат сè почести дека инжинерски кругови околу моделот на вештачка интелигенција, Клод, кон него се однесуваат како кон божество. А моделот на човечкото однесување во такви ситуации е познат. Прво обожуваш, па коленичиш пред него па на крај му принесуваш жртви.

Ботови ја диктираат изборната кампања во Израел

Гласачите во Израел се бомбардирани со лажни снимки, монтирани од ВИ, кои изгледаат реално. Ботови наведуваат онлајн дискусии кон специфични агенди и гласаат по анкети. Други прибираат секакви информации за гласачите и им сервираат пропаганден материјал типичен за нивните интереси. Сите партии го прават ова и никоја служба нема интерес да ги спречи.

Турција ја жртвува својата плодна житница за нафтен центар

Во време кога војните ги попречуваат традиционалните извозни рути, Анкара го жртвува последното преостанато јадро на плодниот појас на југот на земјата. Плодната житница Чукурова отстапува место на огромна инфраструктура со петрохемиски комбинати околу стратегиското пристаниште Џејхан, каде што се спојуваат два големи нафтоводи.

Бајден во Рим пристигна како Гадафи

85 возила имаше автомобилската колона што го придружуваше Бајден по улиците на Рим, каде инаку е дојден да се договори околу глобалното затоплување. И ова е без возилата на италијанската полиција и безбедност.

Нит ќе се умре од ковид, нит ми чуе за друго

Клиничка студија покажала дека постоечки и широко користен лек сериозно ги намалува ризиците од хоспитализации и смртни епилози на ковид случаи. Се работи за лек против депресија.

Ако 6 милијарди долари го решат светскиот глад, Илон Маск е спремен да ги даде

Сакајќи да го привлече вниманието на јавноста, првиот човек на Светската програма за храна на О.Н, изјави дека само 2% од богатството на Илон Маск е доволно за да се реши гладта. Маск порача не е проблем, ама има два услова.

Новата културна војна се бие во школските вецеа

Скот Смит е татко на 15 годишно девојче кое било сексуално нападнато во школско веце од машко кое носело сукња. Откако реши да биде гласен и да ја брани својата ќерка, беше распнат од твитер легионерите на кои им е побитно да буткаат про-трансџендер агенда отколку да се секираат за некаква безбедност на учениците. 

Судбина на моловите е да станат магацини

Американски молови кои потклекнаа поради е-комерцијата и пандемијата, добиваат нови функции и намени, како магацини и дистрибутивни центри на Амазон. Експерти проценуваат дека 50% од дуќаните базирани во молови, трајно ќе затворат до крајот на годинава.

 

Кина забрани градење небодери во мали градови

Најбројната држава на светот реши дека е доста со тој чалам да се дигаат предимензионирани кули во мали градови. Со тоа што кај нив, во мали градови спаѓаат оние со помалку од три милиони жители.   

Кинеските богаташи почнаа да играат дефанзива

Како што кампањата на Ши Џинпинг за прераспределување на профитите почна да добива на сила, така кинеските богаташи почнаа да се стишуваат, бришејќи ги своите профили од социјалните мрежи и префрлајќи ги парите на сигурно.

Италијанскиот Сенат го закопа законот против хомофобија

Законот со кој насилството против ЛГБТ лицата и мизогонијата во Италија требаше да се квалификуваат како злочин од омраза, беше одбиен во Сенатот со над 154 гласови од 315 можни.

ММФ ја прашува Македонија: Каде отидоа парите?

ММФ не штедеше во интервентни пари за помагање во борбата против пандемијата но секогаш потсетуваше дека, кога и да е, ќе дојде време да се проверат сметките. Македонија е една од оние земји кои во друшто со Нигерија, Конго, Малави и слични е од оние кај кои не се знае како и за што се трошело.

ЕУ и воведе уште 1 милион евра на ден казна на Полска

Непослушноста на Полска кон ЕУ, овој пат околу судските реформи, ќе ја чини државата 1 милион долари на ден, секој ден дур не реши да послуша.

Црна пропаганда (некогаш) брзо бледее

Го памтите ли она хорор видео кое го спакуваа против гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис, зашто се дрзна да не воведува задолжителни вакцини, ковид пасоши и рестрикции, еретички изговарајќи: „Ние им веруваме на луѓето кога носат одлуки за себе“. Погодете во која држава сега има најмалку ковид?

Што пари лежат во обратна дискриминација

Маж белец потпретседател за маркетинг во болница во Северна Каролина на суд добива отштета од 10 милиони долари за „обратна дискриминација“ откако е отпуштен и заменет со две жени, од кои едната црнкиња, како дел од програмата на болницата за разноликост и инклузивност.

Се продава вила... од 471 милион евра

Вилата се наоѓа во центарот на Рим и е единствена куќа на светот чиј таван е насликан од италијанскиот сликар Караваџо. Цената од 471 милион евра е само почетна.

Џонсон и Џонсон, намазани и намазани

Соочени со опасност дебело да платат отштета и да им изгори цела фирма, Џонсон и Џонсон се реши на еден потег многу познат на балканските транзициони арамии. Ја подели фирмата на два дела и опасниот дел го однесе во банкрот.

Профитите од ковид вакцините создадоа 9 нови милијардери

Личните богатства на некои од водечките имиња во фармацевтската индустрија пораснаа главно заради скокот на акциите на нивните компании, што се базира на добрата продажба на вакцини низ светот.

Џеф Безос ќе прави канцеларии во вселената

Не е дека Безос сака да избега од сите вас, ама кога би посакал би имал канцеларии и хотел во вселената, кои би требало да му се готови до крајот на деценијава.

Супермен станува геј, колористот најавува оставка

Дечкото кој го бои стрипот на Супермен најави дека заминува од ДЦ Комикс бидејќи му е преку глава од „разбуденото“ шминкање на суперхеројот. „Сè се тоа куп идиотизми,“ вели Гејб Елтеб.

Британска полиција со саудиски шмек

Ако човек го критикува саудискиот режим може бааги да си го искомплицира животот и да очекува дека кај и да е, некој ќе му тропне на врата. Само што овојпат не зборуваме за во Саудиска Арабија, туку за Англија.

Кина стави под клуч цел 4-милионски град по 6 нови случаи на ковид

Освен во итен случај никој од 4 милиони жители на кинескиот град Ланџоу во идниот период нема да смее да го напушти својот дом. На страна тамошните 6, во Кина има пријавено уште 23 нови случаи. Во цела Кина.

Дејв Шапел реплицираше

Околу стендапот и обвинувањата за каква не фобичност, Шапел одговори „кажав што кажав“. Плус го интересира, како тоа „вие барате безбедна работна средина во Нетфликс, кога јас сум единствениот што не смее да припари таму?“

Ниту си целосно вакциниран, ниту некогаш ќе бидеш

Како што претерувањето околу ризикот од вакцините наштетува на кредибилитетот на кампањата за вакцинирање, исто така е штетна и претераната самоувереност околу нивната ефикасност.

Неонацисти излегоа да ја бранат германската граница со Полска

Припадниците на крајно десничарската група Третиот пат (Der III. Weg) се распоредија на границата со Полска за да пресретнат кој било нелегален мигрант што ќе се обиде да влезе во Германија.

Колку инает има во неносење маски?

Кинез милионер влегува во банка и веднаш е укорен за тоа што не носел маска. Првата реакција на ова му е трајно да ја напушти матичната банка.

Со ваксерството се претера

Мислите само меѓу анти-ваксерите има такви кои се склони да претеруваат и да преувеличуваат цифри и состојби? Сиенен вика, држи ми го пивото.