Џонсон и Џонсон, намазани и намазани

Соочени со опасност дебело да платат отштета и да им изгори цела фирма, Џонсон и Џонсон се реши на еден потег многу познат на балканските транзициони арамии. Ја подели фирмата на два дела и опасниот дел го однесе во банкрот.

Се работи за досега најголемото и најскапо повикување на правната дупка во законодавството на Тексас, познато како „тексашка одбрана во два чекора“.

Потегот има за цел да го заштити компанискиот имот и средства од потенцијално разорната штета (во милијарди долари) која ќе треба да ја платат ако се докаже дека нивната пудра предизвикувала рак на грлото на матката и мезотелиома.

Од тие причини Џонсон и Џонсон се подели на две компании при што едната ги држи сите права и обврски во врска со пудрата. Таа веднаш поднесе барање на одење во банкрот, што практично значи дека сите постоечки случаи и процеси се ставаат на пауза додека трае процедурата за банкрот.

За да замачка очи, Џонсон и Џонсон, кои во последно време најчесто ги слушаме во врска со вакцината, вети дека на банкротираната фирма ќе ѝ префли две милијарди долари за да ги алиментира барањата на околу 36.000 лица кои ја тужат заради пудрата. Мачкање очи бидејќи е тоа помалку од еден случај со 22 баратели.

Џ и Џ кои вредат 400 милијарди долари се надеваат дека случајот со банкротот ќе се одвива до недоглед, како што беше тоа случај со претходното големо повикување на тексашката одбрана во два чекора кое го изведе индустријата на браќата Коч, поради тужба за манипулирање со опасниот азбест.

********

Види и:

Кога истекува рокот, продолжи го рокот

 

 

27 октомври 2021 - 12:54