Кога ковид-19 лани го зграпчи светот, ММФ брзо го одврза ќесето и распосла 118 милијарди долари во интервентни заеми за 87 земји како помош за нивното справување со кризата. На 15 април директорката на ММФ Крисалина Георгиева ги охрабри државите „да прават сè што треба“ за да се борат со пандемијата но да не заборават „да ги чуваат сметките.“
Сега доаѓа време за пресметки и во многу земји есапот не излегува или пак не е јасен. Се спомнува Нигерија, Конго, Малави, Македонија...
Само мал број земји јавно ги објавија информациите за трошењата и тоа што е достапно сугерира дека значајна количина помош - се работи за стотици милиони долари - биле злоупотребени.
„Тоа значи помалку пари се распиратори, за мобилни болници, за лична опрема за заштита,“ коментира експерт за перење пари во Транспаренси интернационал.
Интересни се примерите со земји од Африка и Латинска Америка но да одиме веднаш кон делот кој нас нè засега.
А тоа е дека Македонија е една од земјите за кои ММФ изразила загриженост за тоа како биле трошени парите во месеците на ковид кризата, особено што за нејзиното позајмување на 192 милиони долари не била извршена ревизија. Транспаренси овој факт го оценува како „алармантен“.
Притоа се потсетува дека земјава го држи 111 место по индексот на корупција, што е второ најлошо место во источна Европа.
Се потсетува и дека уште во март, првиот човек на македонската владина комисија за анти-корупција ветил истрага за обвинувањата околу набавката на вакцините кои излегоа во италијански медиуми.
Во статијата се потсетува уште и дека заради злоупотреба на средства за ковид, во некои земји некои луѓе веќе лежат во затвор.