Што пари лежат во обратна дискриминација

Маж белец потпретседател за маркетинг во болница во Северна Каролина на суд добива отштета од 10 милиони долари за „обратна дискриминација“ откако е отпуштен и заменет со две жени, од кои едната црнкиња, како дел од програмата на болницата за разноликост и инклузивност.

Дејвид Дуал е отпуштен од Нован хелт во јули 2018 на 5 дена пред 5-годишнината од доаѓањето на позицијата, што според договорот ќе му донесе далеку повисоко ниво на компензација доколку биде отпуштен.

Во тужбата, Дувал навел дека двете жени кои го замениле, и ја поделиле неговата работа, иако биле квалификувани за позицијата, не биле ништо поквалификувани од него. Како дел до тужбата тој пишува и дека низ сите години редовно добивал одлични оценки од своите претпоставени, и дека и неговиот тим исто така бил високо оценуван за своите перформанси.

Аргументот на неговите адвокати е дека тој бил отпуштен „од ведро небо“ затоа што е белец маж, и тоа било во согласност со 5-годишниот план на болницата за зголемување на разноликоста до 2020.

Дента кога бил отпуштен, на Дувал ми било наредено веднаш да ја напушти компанијата, без да му биде дадено какво било објаснување.

Освен Дувал, болницата во рок од 12 до 18 месеци отпушта уште неколку високи менаџери кои се заменети или со црнец или со жена.

28 октомври 2021 - 09:24