Нит ќе се умре од ковид, нит ми чуе за друго

Клиничка студија покажала дека постоечки и широко користен лек сериозно ги намалува ризиците од хоспитализации и смртни епилози на ковид случаи. Се работи за лек против депресија.

Флувоксамин е евтин лек кој се користи за третмани на разни ментални проблеми, меѓу кои депресија и опсесивно-компулсивно пореметување. Меѓутоа, истовремено е познат и по неговото влијание врз имуно-реакциите и намалување на оштетувањата на ткивата, особини на кои им се препишува успехот на студијата со ковид.

Меѓу учесниците во студијата која била изведена во Бразил, оние на кои им бил даван лекот во рана фаза на ковид, на крајот завршиле со 90% помалку смртни исходи и 65% помалку завршување во болница.

Идејата да се испита влијанието на флувоксаминот во случаи на ковид дошла од една студија од 2019 година која утврдила дека лекот  намалува воспаленија кај глувци со сепса.

Лекот е прилично евтин, под 4 долари за 10 дневен третман а патентот му е истечен.

1 ноември 2021 - 10:10