Пред некое време, ДЦ Комикс најави две големи промени во нивната серија „Супермен: Син на Кал-Ел“. Како прво, Супермен ќе започне геј врска со Џеј Накамура и како второ, неговото мото „Вистина, правда и американски начин“ ќе биде заменето со „Вистина, правда и подобро утре. “
„Ќе го завршам договорот кој го имам и доста ми е од ова. Уморен сум од целото ова срање. Уморен сум од тоа да ги упропастуваат ликовите, немаат право на тоа,“ вели колористот на Супермен.
Актерот Деан Каин кој го глумеше Супермен во тв серијата „Луис и Кларк“ исто така рече дека веќе не може да ги следи и памти сите промени на Супермен и дека она што го прават со омилениот лик ниту е храбро ниту е нешто позитивно лудо. „Ќе беше храбро да го направеа тоа пред 20 години или пак ако Супермен се бореше за геј правата во Иран,“вели Каин.
„Велат дека ова било храбар нов правец. По мене, само се шлепаат на бранот,“ вели тој.