Вселенската станица на Блу ориџин ќе се вика „Орбитал риф“ и ќе има капацитет за околу 10 луѓе. Ќе има вкупна површина од речиси 3.000 метри квадратни, и на „клиентите ќе им овозможи идеална локација за ’снимање во микро-гравитација’ или ’спроведување на револуционерни експерименти’“.
Станицата на Безос ќе ја градат Сиера спејс и Боинг, а до сега никој од вклучените не дал процена за тоа колку ќе чини проектот. Безос претходно има ветено дека годишно ќе троши по 1 милијарда долари на Блу ориџин.
Објавата доаѓа во време кога и САД и Русија се со едната нога надвор од Меѓународната вселенска станица. Додека НАСА има обезбедено финансирање за станицата до 2030, таа признава дека на нејзе драматично и треба поправка, а Русија претходно предупреди дека нејзините космонаути ќе ја напуштат станицата до 2025, заради страв од застарената опрема која би можела да предизвика инцидент.
НАСА на почетокот од годинава објави дека ќе подели 400 милиони долари во договори со приватни компании кои ќе помогнат да се замени застарената станица.