Напуштањето на домот за жителите на Ланџоу ќе биде строго регулирано и ограничено на набавка на неопходни производи и ако некој треба да оди на доктор.
Во градот стопирана е работата и на автобусите и такси компании, а блокиран е и целиот железнички сообраќај што минува од таму, што опфаќа околу 70 возови.
По истата основа суспендирани се и сите летови до аеродромот во Ланџоу.
Во Пекинг, каде денес имаше 3 нови случаи, затворени се поголем број туристички локации, на граѓаните им е советувано да не излегуваат од дома доколку тоа не е неопходно, затворени се и локалните збиралишта за играње шах и маџонг, а на неодредено време е одложен маратонот закажан за во недела на кој требаше да трчаат 30.000 маратонци.
Сите нови случаи во Кина се од делта варијантата.
Ваквата претпазливост на Кинезите, освен заради тоа што се уште се кабает за вирусот, е и затоа што сакаат да ја дочекаат зимската Олимпијада со нула случаи на ковид. До ЗОИ 2022 има нешто повеќе од 100 дена.