Вести

Кој ги запали младите во Франција?

Се крева чад во близина на Ајфеловата кула, горат училишта, Париз е блокиран со барикади... Протестите што почнаа во училниците поради претерано напорен распоред на часовите прераснуваат во уличен хаос, потпалуван од левичарски и од исламистички групи, кој може само да биде подарок за претседателските амбиции на Марин Ле Пен.

Сопствен дом е сомнителна инвестиција

Во менталитетот на Американците е вградена теоријата дека поседувањето сопствен дом е сигурна инвестиција, која гарантира финансиски успех поради долгорочниот раст на цените на недвижностите. Сепак, анализа на „Волстрит журнал“ укажува дека во повеќето случаи е поисплатливо да се живее под кирија, а парите издвоени за домот да се оплодат со инвестиции.

Германците најмногу се плашат од сопствената влада

Помина времето кога Германците беа загрижени од климатските промени или од ризикот од војна. Главниот страв сега им e дали ќе останат без пари, состојбата на економијата и особено нефункционалноста на државата, покажува новото годишно истражување German Angst. Друга анкета покажа дека рејтингот на одобрување на канцеларот Мерц паднал на рекордно ниски 10%.

Речник

Во името на светиот Клод, ентер

Муабети во Силициумската долина стануваат сè почести дека инжинерски кругови околу моделот на вештачка интелигенција, Клод, кон него се однесуваат како кон божество. А моделот на човечкото однесување во такви ситуации е познат. Прво обожуваш, па коленичиш пред него па на крај му принесуваш жртви.

Ботови ја диктираат изборната кампања во Израел

Гласачите во Израел се бомбардирани со лажни снимки, монтирани од ВИ, кои изгледаат реално. Ботови наведуваат онлајн дискусии кон специфични агенди и гласаат по анкети. Други прибираат секакви информации за гласачите и им сервираат пропаганден материјал типичен за нивните интереси. Сите партии го прават ова и никоја служба нема интерес да ги спречи.

Турција ја жртвува својата плодна житница за нафтен центар

Во време кога војните ги попречуваат традиционалните извозни рути, Анкара го жртвува последното преостанато јадро на плодниот појас на југот на земјата. Плодната житница Чукурова отстапува место на огромна инфраструктура со петрохемиски комбинати околу стратегиското пристаниште Џејхан, каде што се спојуваат два големи нафтоводи.

ФДА бара до 2076-та да ги објави податоците од Фајзер за ковид-19 вакцината

Американската Управа за храна и лекови побарала од федерален судија да им дозволи дури до 2076 година да ги објават целосните детални податоци и информации што ги имаат добиено од Фајзер околу ковид-19 вакцината, а врз кои на компанијата и е издадена дозволата за пуштање на вакцината во употреба.

Тревис Скот, Епл и други тужени на 750 милиони долари за трагедијата на Астроворлд

Во смртоносното стампедо кое се случи на концертот на Тревис Скот во Хјустон загинаа 10 луѓе, а стотици други беа помалку или повеќе сериозно повредени. Тужбата од 750 милиони долари е само една од десетиците тужби поднесени против раперот и организаторот.

МОК: Не се замараме со тестостерон кај транс-жени

Меѓународниот олимписки комитет повеќе нема да бара од трансродовите жени да го намалат своето ниво на тестостерон за да се натпреваруваат на Олимпијадата во женска категорија, стои во новите препораки објавени од организацијата.

Никој како баба

Бабите емоционално се повеќе поврзани со своите внуци и внуки, отколку со сопствените деца, покажува студија која го истражува функционирањето на нивниот мозок.

Бајден ќе воведе дипломатски бојкот на Олимпијадата во Пекинг?

Речиси е извесно дека ниту претседателот на САД, ниту кој било висок претставник од администрацијата на Бајден, ќе присуствува на ЗОИ 2022.

Случајот со пациентката Надежда

Жената ја викаат Есперанца по градот од кој доаѓа, Есперанца во Аргентина. Се работи за апсолутно редок случај, само втор во целата историја на нејзината болест: се излечила од ХИВ вирусот благодарејќи исклучиво на нејзиниот имунолошки систем. Да, есперанца значи надеж.

Германија го суспендира сертификувањето на Северен тек 2

Иако гасоводот веќе некое време е комплетиран и на готовс да почне да испорачува природен гас за Германија и Европа, испораката не може да стартува затоа што уште нема добиено документи, и како што изгледа, нема ни да добие (ни Русите документи, ни Германците плин).

Политичката коректност како реприза на Културната револуција во Кина

Кога луѓето се трудат да бидат обединети околу „политичката коректност“ тоа може да биде многу опасно, порачува еден од најпознатите кинески дисиденти, Аи Веивеи.

Над 10.000 Австралијци бараат надомест за нус-појави од вакцинирање

Владата на Австралија ја чека цех од најмалку 32,5 милиони евра за оштета побарана од илјадници нејзини граѓани по основа здравствени проблеми поврзани со ковид-19 вакцинацијата.

Хонг Конг гради станови од 12 квадратни метри

Ги викаат нано-станови и се помали од паркинг место за автомобил, но за многу луѓе се единствен начин да дојдат до свој кров на глава за што таму се чека и до шест години. Погледај свој (нано)дом, Ангеле.  

Декадентност како највисок стадиум на комунизам

Високи претставници на виетнамската комунистичка партија одат на „аџилак“ да оддадат почит пред гробот на Карл Маркс во Лондон. Таа работа ја завршуваат и отприлика тука им завршува оданоста кон комунизмот.

Колку ќе траат „засилувач“ дозите?

Прво ќе биде коректно да се знае дека „засилувач“ најверојатно е погрешен термин, и тоа дека точниот број дози за максимален ефект се уште не е познат.

Канје се прогласи за „млад Путин“

Статусот „млад Путин“ Канје смета дека го заслужува заради  својата доминација во поп-културата сето ова време, а и во иднина.

Како запад станува советски сојуз пред наши очи

„Ние знаевме дека тие лажат, тие знаеја дека лажат, знаеја и дека ние знаеме дека лажат а ние знаевме дека тие знаат дека ние знаеме дека лажат. Па сепак, продолжија да лажат“.

Џеф Безос: Малкумина ќе останат на оваа планета

Одвратно богатиот газда на Амазон предвидува дека на Земјата ќе останат малку луѓе и дека планетата ќе ја претвориме во своевиден природен резерват. Останатите ќе живеат на други места во вселената. А кога зборува за живот на другите, Безос главно мисли на нивно црнчење.

Зошто Илон Маск продава акции од Тесла?

Пред некој ден Маск на Твитер објави анкета во која праша дали треба да продаде 10% од своите акции во Тесла, и вети дека ќе ги почитува резултатите. На крај, по 3,5 милиони гласови Твитер одлучи дека треба да ги продаде.

АстраЗенека пишман околу откажување од профитот

Фармацевтската компанија реши да се „оддалечи“ од не-профитниот модел околу вакцината што го практикуваше за време на пандемијата, и потпиша прв договор за продавање на вакцината по цена со пресметан профит.

Европа ќе ги изолира невакцинираните

Зимата доаѓа во Европа, а земји како Германија и Холандија веќе бележат рекордни бројки на заразени. Австрија е подготвена за карантин, кој ќе важи само за невакцинираните лица, кои без посебна причина нема да смеат да излегуваат од дома.

Супермаркет за отпад

Супермаркет ко супермаркет, има сè од шишиња, батерии, четки за заби, лименки, кутии цигари... единствено што се разликува е потеклото на сите овие производи - отпадот што луѓе го фрлаат покрај локалното езеро.

Џон Клиз се откажа сам себе

„Се откажувам сам себе пред некој друг тоа да го направи“ порача Клиз откако беше закажано да се појави да одржи говор на Универзитетот во Кембриџ.

Вакцинирана и против ковид сертификати

Кога се најавува условување на слободата на движење, работа и живот со сертификати, сметам дека е моја должност јавно да кажам НЕ за ковид пропусниците - мојата нема да ја користам, иако ми дале „право“ на неа. Нема да бидам граѓанин од прв ред додека мои сограѓани и колеги се третираат како лепрозни, без никакви докази.

Франција врати 26 артефакти што ги украла од Бенин... од вкупно 5.000

Широкоградоста на Франција беше одбележана на церемонија во Париз каде претседателот на Бенин, Патрис Талон, дојде да ги подигне артефактите што Французите ги пљакосале од неговите предци.

Епл компјутер од 400.000 долари, а не е ни нешто посебно брз

Како прво куќиштето на компјутерот е дрвено, има некој прастарен Панасоник монитор на него а и нула од естетиката и дизајнот на Епл. Целата вредност му е во тоа што е Епл-1, првата серија на Епл компјутери што била продавана, и уште функционира.

Хејтерите на Трамп замолкнаа како што Русијагејт беше соголена

Уште од старт предупредувањата беа дека обвинувањата за соработка со Русија се без основа ама тогашниот анти-Трамп фронт не сакаше ни да чуе за тоа. Сега кога им е јасно, не сакаат ни да чујат за признавање на сопствената улога во ширењето на оваа лага.