Тоа што се знае е дека засилувач или трета доза повеќе не е ни најмалку спорна, а САД и останати држави низ свет веќе ја одобрија за повеќе групи граѓани.
Тоа што не се знае е колку долго ќе трае засилувачот. Јасно е дека неколку месечниот гап меѓу првичните дози од вакцината и засилувачите ќе помогне имунитетниот систем да ја задржи силната реакција на далеку подолг период од само првичната доза, меѓутоа нема дефинитивен одговор колкав е рокот на траење.
Нужноста од трета доза малку ја релативизира ставот на дел од експертите, според кои важно е да се знае дека вакцините доста штитат дури и без засилувачот.
„Вакцините вршат одлична работа во спречува на сериозно заболување, дури и во делта варијантата,“ објаснува експертот за заразни болести од Универзитетот во Калифорнија, Моника Ганди.