До сега над 10.000 лица се регистрирани во владината програма за компензирање на загубен приход „заради хоспитализирање предизвикано од ретки но значителни нус-појави од вакцината“.
Компензацијата започнува од 5.000 австралиски долари по случај, во зависност од тоа колку тешки нус-појави имало, што значи дека австралиската влада ќе треба да плати отштета од најмалку 50 милиони австралиски долари (или 32,5 милиони евра).
Вон оваа програма, австралиските власти до сега имаат добиено речиси 79.000 пријави за тешки нус-појави од 36.800.000 дози вакцина против ковид. Најчестите нус-појави се болки во раката, главоболки, треска и грозница.
Во овие 79.000 има и 288 пријави за срцеви проблеми по примање на вакцина од Фајзер, како и 160 случаи на згрутчување на крвта поврзани со АстраЗенека. Со програмата за вакцинирање се поврзуваат и девет смртни случаи.