Тужбата е поднесена во име на 125 повредени лица од публиката на Астроворлд фестивалот, вклучително и Алекс Акоста, 21-годишникот кој беше убиен во стампедото.
Освен против Скот, во тужбата се наведени и Дрејк, кој му се приклучи на Скот за време на настапот додека се случуваше масакрот, Лајв нејшн, кои се организатори, Епл мјузик, кои во живо го стримуваа настанот, и други.
„Акоста беше прегазен од возбудена, дива и неконтролирана толпа со таква сила што тој повеќе не можеше да дише.
Додека тој лежеше таму под масата луѓе, умирајќи, на сцената музиката свиреше и беше стримувана – и тоа речиси четириесет минути,“ се наведува во тужбата.
Во конкретната тужба Скот е обвинет дека продолжил со својот настап дури и откако властите објавиле дека во прашање се повеќе смртни случаи.
Ова тужба, како и другите пред нејзе, наведуваат дека Скот има минато на поттикнување насилство на неговите концерти преку своите текстови и „неговата навика да ја охрабрува публиката да го игнорираат обезбедувањето и да јуришаат на сцената“. Во тужбата е наведен и случајот на Кајл Грин, кој остана парализиран по еден концерт на Скот во 2017. На тоа видео се гледа како Скот ги поттикнува фановите да скокнат од балкон од третиот спрат во салата, ветувајќи им дека другите фанови ќе ги фатат. Грин изјавува дека тој не сакал да скокне туку бил турнат и паднал на патос.
Најмладата жртва на концертот беше 9-годишно момче.