Логиката на Канје оди по линијата дека културата е како нафта, а тој последниве две децении е кралот на културата.
„Јас сум како млад Путин. Порано велев дека сум како млад Владимир се додека не сфатив дека јас сум Владимир.
Знаеш кој е моментот кога го сфатив тоа? Кога сфатив дека културата е нафта, културата е енергија. А јас сум кралот на културата во изминатите 20 години и во следните 2.000 години,“ ќе образложи Канје.
Раперот ова го изјавува на еден подкаст, зборувајќи за соработката што ја има со глобални конгломерати како Гап и Адидас. Со Гап Канје има 10-годишен договор за пуштање на облека под име на неговиот бренд Јизи, а со Адидас има сличен договор ама за патики и други обувки.
Водителите на подкастот за секој случај сакаа Канје да им потврди дека станува збор за рускиот претседател, а не за некој Путин што го знаел од Чикаго.