Како запад станува советски сојуз пред наши очи

„Ние знаевме дека тие лажат, тие знаеја дека лажат, знаеја и дека ние знаеме дека лажат а ние знаевме дека тие знаат дека ние знаеме дека лажат. Па сепак, продолжија да лажат“.

Професорот Николај Петровски неодамна ја разви првата австралиска вакцина после 40 години. Во нормални околности, тој би се славел како симбол на австралиската аспирација да биде „нација на иновации.“ Наместо тоа, паузиран е на факултетот а му се заканува затвор ако стапне во неговиот кабинет.

Зошто? Затоа што одбива да биде имунизиран со една од одобрените вакцини во државата.

Иронија на најјако. Петровски е имунизиран со неговата вакцина пред повеќе од една година. Неодамна завршената трета фаза од клиничките тестирања покажаа дека таа е побезбедна од останатите вакцини одобрени од регулаторот ТГА. Таа инстанца неделава ги одобри и кинеската Синофарм и индиската Коваксин, но не ни сака да ја разгледа вакцината на Петровски додека не ја плати казната од 350.000 долари.

Петровски е сериозно име во светот на медицината. Професор е на медицинскиот институт Флиндерс, директор на одделот за ендокринологија, претседател на меѓународна Имуно асоцијација и е основач на Ваксин, австралиска биотехнолошка компанија која има бројни меѓународни награди и успешно има развиено вакцини против Сарс и Мерс, а меѓу инвеститорите е и Американскиот национален институт за здравје.

Тој се вакцинираше толку рано со својата вакцина за да демонстрира колку е уверен во нејзината безбедност. За контраст: Алберт Бурла, ЦЕО-то на Фајзер кои експериментално почнаа да вакцинираат луѓе на 23 април 2020 година, се немаше лично вакцинирано сè до 21 март, следната, 2021 година.

Резултатите од испитувањата на вакцината на животни, покажаа дека вакцината на Петровски не само што е безбедна туку произведува неутрализирачки анти-тела во носот и грлото, блокирајќи го преносот на вирусот на животни кои не се имунизирани. 

Сепак, наспроти импресивното портфолио, австралиската влада одби да го финансира овој проект решавајќи да поддржи друг проект, на универзитетот Квинсленд. Федералниот министер за здравство најави инвестиција од 1,7 милијарди долари за набавка на 84,8 милиони дози од Квинсленд вакцината и Астра Зенека. Проектот нема мрднато од првата фаза на тестирањето.

„Зошто Петровски наидува на толку пречки? Нема сомнение дека во игра е огромното влијание на вакциналниот естаблишмент кој упорно игра на картата дека нема шанси вирусот да е излезен од лабораторијата во Вухан. Петровски беше првото големо име на западната наука кој рече дека го проучувал вирусот и дека е малку веројатно тој да ги добил своите необични карактеристики надвор од лабораторија. Тоа има разгневено многу моќни и влијателни луѓе, “ пишува австралиски Спектатор.

Атмосферата во Австралија денес им личи на она за што пишуваше познатиот руски дисидент Александар Солженицин:

„Ние знаевме дека тие лажат, тие знаеја дека лажат, знаеја и дека ние знаеме дека лажат а ние знаевме дека тие знаат дека ние знаеме дека лажат. Па сепак, продолжија да лажат“.

Толку за таа приказна.

Сега да слушнете како звучи австралиски топ доктор и со какви закани им се обраќа на оние кои мислат да пружат отпор.

"Ох, некој мора да биде луд да не се вакцинира. Животот ќе му биде мизерен без вакцинација. Ќе немаш каде да се скриеш. Не ќе можеш од доктор да набавиш изземање од вакцинација зашто смисливме цела серија правила околу тоа, докторите ќе бидат под засилен надзор и секое нивно дадено изземање конкретно ќе биде разгледувано. Тие ќе бидат казнувани, пациентите кои лажат ќе бидат судени за измама. Цела серија проблеми ви се отвора ако сакате да го заобиколите системот,“ порачува доктор Крис Пери, прв човек на медицинската асоцијација во Квинсленд.

Задолжителноста на ковид сертификатите останува на сила иако последните извештаи од Обединетото кралство покажуваат дека нивната ефикасност бледее после првите 3-4 месеци, дека АстраЗенека и во својот врв пружа само  65-75 проценти заштита и дека и АЗ и Фајзер не се ефикасни после 6 месеци.

Задолжителноста на сертификатите останува на сила и го игнорира сознанието од 102 истражувачки студии дека имунитетот од прележана инфекција е робусен како и вакциналниот а според професор Марти Макари од универзитетската медицинска школа Џонс Хопкинс, природниот имунитет е 27 пати поефикасен отколку вакциналниот, пренесува Спектатор.

14 ноември 2021 - 16:02