Барањето на ФДА до судот е реакција на една тужба против нив во име на 30 академици, научници и професори од најпрестижните американски универзитети во кои се бара пристап до информациите и податоците поднесени од Фајзер за добивање на дозволата.
Првично групата бара од ФДА пристап до овие информации, а откако не го добива, тие поднесуваат тужба преку која го бараат истото.
Од адвокатската канцеларија што ја поднесува тужбата објаснуваат дека до ден денешен ФДА нема објавено ни една единствена страница од документацијата на Фајзер.
ФДА не се противи на објавување на податоците, само го бара рокот од 55 години бидејќи пресметале дека до тогаш ќе можат да го испорачаат целиот материјал. Барањето за лиценца на Фајзер е на над 329.000 страници, а судската пракса во САД за објавување на документи побарани преку слободен пристап до информации била објавување на околу 500 страници месечно.
Адвокатската канцеларија забележува дека Фајзер почнал со поднесување документи за лиценца на 7 мај 2021, а лиценцата ја добил на 23 август 2021. Ова се 108 денови во кои ФДА успева да ја провери целата документација од Фајзер за чие објавување сега бара над 20.000 денови.