Случајот со пациентката Надежда

Жената ја викаат Есперанца по градот од кој доаѓа, Есперанца во Аргентина. Се работи за апсолутно редок случај, само втор во целата историја на нејзината болест: се излечила од ХИВ вирусот благодарејќи исклучиво на нејзиниот имунолошки систем. Да, есперанца значи надеж.

30 годишната жена била дијагностицирана од ХИВ во 2013 година,  никогаш не развила симптоми на болеста, но присуството на анти-тела недвосмислено укажувале дека била заразена.

Во 2017 година, истражувачи од Аргентина и САД почнуваат да ја анализираат нејзината крв. Во 2019 година раѓа ХИВ-негативно бебе а плацентата нуди нови информации: иако се работи за орган на бебето, плацентата била полна со мајчините имуно -клетки.

Последните тестирања водени од еден врвен бостонски имунолог се фокусирале на темелно барање на знаци на присуство на вирус кој може да се реплицира: тоа вклучило анализа на 1,2 милијарди нејзини крвни клети и 500 милиони клетки од плацентата. Сè што нашле биле само седум дефектни протовируси.

Студии покажуваат дека меѓу ХИВ пациентите, постои една група од 0,5% кои ги нарекуваат „елитни контролори“; се работи за луѓе чиј имуно систем некако успева да го покрие вирусот оневозможувајќи му да се размножува. Но Есперанца е жена во чије тело вирусот комплетно бил уништен од нејзиниот систем.   

Како тоа? Истражувачите не знаат, претпоставуваат дека се работи за некоја комбинација од Т клетки и други имуно-механизми. Не знае ни Есперанца:

„Од здраво семејство сум. Никогаш не сум имала потреба од лекови. Живеам најнормално што можам и самото тоа веќе е привилегија,“ вели таа.

******

Видеото нема врска со конкретниот случај но е одлична приказна за тоа колку е фасцинантен човечкиот имунолошки систем:

16 ноември 2021 - 17:38