АстраЗенека пишман околу откажување од профитот

Фармацевтската компанија реши да се „оддалечи“ од не-профитниот модел околу вакцината што го практикуваше за време на пандемијата, и потпиша прв договор за продавање на вакцината по цена со пресметан профит.

Англиско-шведскиот производител сега работи на „транзиција кон скромна профитабилност“, со тоа што вакцината и понатаму ќе се продава без профит за државите во развој.

АстраЗенека во третиот квартал имаше приходи од скромни 1 милијарда долари. На пример Фајзер имаше продажба на вакцината во вредност од 13 милијарди долари.

Намерата на АстраЗенека е профитот од продажбата на вакцини да биде инвестиран во третманот со антитела за ковид-19. АстраЗенека ја доби вакцината од Оксфорд под ветување дека за време на пандемијата нема да заработува на нејзе.

12 ноември 2021 - 10:20