Се работи за колекција од артефакти украдени пред 130 години кога француските војници го пљачкосуваат западно-африканското кралство Дахоми, сместено во денешен Бенин, и запленуваат стотици парчиња најразлични богатства. Меѓу украдените предмети има кралски тотеми, дрвени порти, статуи и тронот на кралот Беханзин кој е присилен да бега од своето кралство како што напредуваат француските војници.
Артефактите Макрон лично му ги предава на Талон на церемонијата во елисејската палата.
„Ќе се согласиш со мене дека враќањето на 25 артефакти кое го славиме денес е само еден чекор во амбициозниот процес на правичност и повраток.
Господине претседател, ова е нашата душа,“ изјавил Талон.
Потегот е дел од амбициозното ветување на Макрон дека до крајот на следната година ќе ги врати артефактите што Франција ги украла од своите поранешни африкански колонии.
И покрај ветувањето, за сега само мал број артефакти се вратени во Африка. Овие 26 предмети што Бенин ги добива назад се дел од речиси 5.000 артефакти што Франција ги поседува само од оваа африканска држава. Се проценува дека Франција има вкупно над 90.000 артефакти украдени од своите африкански колонии.
Пред некое време Белгија врати 2.000 предмети што ги имаат украдено од африканските колонии. И останаа уште 118.000.