Германскиот регулатор одлучил дека подружницата што треба да управува со Северен тек 2 не ги исполнува условите да биде „независен оператор за пренос“, и дека сертификатот ќе го добие само ако „тој оператор е организиран во легална форма според германски закон.“
Сертификацијата ќе остане суспендирана „се додека главниот имот и човечките ресурси не бидат префрлени на подружницата“.
Гасоводот е под швајцарската компанија Норд Стрим 2 АГ, која по последната суспензија најави дека планира да оформи подружница во Германија во согласност со германскиот закон и само за германскиот дел од гасоводот.
Од Норд стрим 2 не ја коментираат одлуката и деталите од процедурата, само соопштуваат дека „траењето на процедурата може да влијае на тајмингот за започнување на работата на гасоводот.“
Пред некое време критичарите ја обвинија Русија дека намерно го намалува дотокот на гас што моментално го испорачува на Европа преку стариот гасовод, како би ја притиснале Германија да ја забрза сертификацијата. Москва го отфрли ова објаснувајќи дека тие испорачуваат во рамки на постојниот договор за снабдување на Германија преку стариот гасовод.