Декадентност како највисок стадиум на комунизам

Високи претставници на виетнамската комунистичка партија одат на „аџилак“ да оддадат почит пред гробот на Карл Маркс во Лондон. Таа работа ја завршуваат и отприлика тука им завршува оданоста кон комунизмот.

Министерот за безбедност на Виетнам, генералот То Лам, во неофицијалниот дел од посетата на Лондон оди на вечера во новоотворениот ресторан на Нуср-ет во Лондон.

На видео од вечерата се гледа како на маса му носат позлатен бифтек, чија цена е меѓу 1000 и 1350 евра за порција. За да биде впечатокот комплетен, бифтекот му го носи лично Солт Бае, го сече пред него и потоа почнува да го храни виетнамскиот министер.

Не се знае која е крајната сума на сметката што треба да ја плати виетнамскиот министер, меѓутоа се знае дека неговата плата е меѓу 525 и 700 евра месечно.

Делегацијата на Виетнам е во Лондон по посетата на климатскиот самит во Глазгов.

15 ноември 2021 - 14:54