Милијардерот од Амазон ентузијастички ги споделил своите визии за иднината на годишниот форум Игнациус во Вашингтон и според нив,, во вселената ќе постојат огромни цилиндрични простори во кои ќе биде создадена вештачка гравитација и во нив милиони луѓе ќе го одработуваат потребното индустриско производство.
Во меѓувреме, родната планета ќе ја претвориме во национален парк односно природен резерват.
„Ова место е толку драгоцено што мораме да го сочуваме. Со тек на времето, милиони луѓе ќе бидат префрлени во вселената. Тоа е визијата на Блу Ориџин, милиони луѓе кои работат во вселена. За неколку века, многумина ќе бидат родени на тие колонии, тоа ќе биде нивниот дом а ќе можат да ја посетуваат Земјата како што денес се посетува Јелоустон или некој друг национален парк.“
Безос не кажал по кој критериум би се бирало кој оди а кој останува но, да не се правиме будали.
За неговата визија да не звучи премногу сурово, кажал и дека и во колониите ќе имало рекички, шумички и животински свет.
Ако се знае во какви услови работат неговите работници во Амазон и како на тие луѓе им се вади секој атом сила за да се исцеди нивната продуктивност до крај, живи среќни сме што нема да ја доживееме таквата иднина.