Вести

Грок го наговорил Трамп да оди во војна

Доналд Трамп со часови го испрашувал Грок - четботот со вештачка интелигенција на Илон Маск - за тоа дали Венецуелците би славеле доколку им го уапси лидерот Николас Мадуро. Неколку недели подоцна, ја нареди операцијата со која беше грабнат диктаторот од палатата во Каракас. Тоа го охрабри два месеци подоцна да му објави војна и на Иран.

ЕУ забранува лажни „зелени“ етикети

Зелената агенда на Европската Унија поттикна бран лажни рекламирања на производи, услуги и проекти како „еколошки прифатливи“. Брисел конечно ја забранува оваа тактика на зелено перење мозоци (greenwashing) на потрошувачите. За да залепат етикети „еко“ или „био“, компаниите ќе мора да приложат докази дека производите навистина се еколошки.

Флорида го тужи Фајзер за ковид вакцините

Главниот обвинител на Флорида, Џејмс Утмаер, поднесе тужба против Фајзер и неговиот извршен директор, Алберт Бурла, обвинувајќи го фармацевтскиот гигант дека ги довел во заблуда потрошувачите во врска со безбедноста и ефикасноста на неговата вакцина против ковид-19. Бара да им се плати отштета на луѓето а компанијата да го врати профитот.

Речник

Со цигари се откажуваат од вејпање

Тутунската индустрија ги промовираше вејповите и електронските цигари како помош за пушачите да ја надминат зависноста од никотин и да ги баталат цигарите. Трикот успеа и многумина од младите се навлекоа на „помалото зло“ за здравјето. Барајќи начин како да се откажат од зависноста, сè почесто посегнуваат по „одвратните цигари“.

Младината од ридовите граба палестински територии

Масовниот напад врз палестинско село на окупираниот Западен Брег го сврте вниманието кон новата и понасилна генерација израелски доселеници. Подемот на политичари што ја застапуваат идеологијата за протерување на Палестинците, на чело со министерот за финансии Безалел Смотрич, им овозможи легитимитет, финансирање и заштита на младите окупатори.

Канада ќе се потруди затворениците хигиенски да шмркаат дроги

Ако веќе не можат да го спречат шверцот и консумирањето наркотици во затворите, канадските власти ќе се потрудат барем да го направат дрогирањето „поздраво“. На затворениците ќе им достават хартиени цевчиња за да можат хигиенски да шмркаат дроги и фолии за виткање цигари. Опозицијата остро го критикува проектот и бара нулта толеранција за дроги во затворите.

Рубљата е најсилна во последните седум години

На средина на оваа недела, руската валута достигна вредност од 52,3 рубљи за долар. Пред три месеци, кога ЕУ и САД започнаа со воведување санкции за Русија заради нејзината инвазија на Украина, беа потребни 139 рубљи за еден долар.

Истокот почна да надвладува во ЕУ?

Не само што војната во Украина (и покрај сите себе-честитања) не ја обедини Унијата на некој до сега невиден или трансформативен начин, туку таа има спротивно влијание на продлабочување на поделбите, менување на сојузништва и балансот на моќ. Токму тоа што Франција и Германија не го сакаат.

Азорски острови, местото каде што руската нафта исчезнува

Како што повеќе се стегаат нафтените санкции против Русија, така се повеќе руски нафтени пратки сред Атлантикот исчезнуваат од радар. Само во изминатите две недели најмалку три руски танкери ги снемало од системите за следење бродови во моментот кога се приближиле до Азорските острови.

Камала Харис на попуст

Добра вест за Белата куќа е што конечно има нешто на што почнаа да паѓаат цените во Америка. Лошата вест е што тоа е вториот човек во Белата куќа.

Како да кажеш дека Тесла шпионира за Американците, без да кажеш дека Тесла шпионира за Американците

Од 1-ви јули ниту едно Тесла возило два месеца нема да смее да припари во кинескиот крајбрежен туристички дистрикт Беидаихе, во кој треба да се одржи летниот партиски состанок на раководството на Кинеската комунистичка партија.

Кој е крив што ќе бидеме гладни?

Запад тврди дека за кризата со храната е виновна Русија чија стратегија е, меѓу другото, да ја доведе Европа до глас. Русија возвраќа, како тоа знаете да носите онолкаво оружје во Украина а не знаете да изнесете жито од таму?

Дали сме сигурни дека Америка не е во војна во Украина?

И покрај првичната колебливост (Путин мора / не мора да биде соборен од власт), американската реторика се заострува со тек на време: во март целта на Америка беше Украина да се одбрани себе си; до крајот на април целта беше „ослабена“ Русија. Меѓутоа една конзистентна работа е дека Америка нема да почне војна со Русија за Украина.

Војната во Украина е судир на волји и економска болка, а Западот се замори

Ако ви пречи 5 долари за галон гориво, тогаш помислете како е на 8 долари (колку што е во Италија). Или природниот гас кој во Италија е четири пати поскап отколку во Соединетите држави.

Синот на Илон Маск реши да стане ќерка

Транссексуалната ќерка на Илон Маск официјално побарала менување на своето име „во согласност со нејзиниот нов идентитет“, а за да не оди два пати по шалтери во исто време се откажала и од својот татко Илон.

Швајцарија се пресрами и увезе руско злато

За прв пат од почетокот на војната повеќе од три тони руско злато и биле испорачани на Швајцарија, што се толкува како сигнал дека на индустријата и пројдоа првичните праведнички дилеми околу руските скапоцени метали.

Училиштето од масакрот во Увалде ќе биде срушено

Граѓаните на Увалде кои изгубија 19 деца и две наставнички одлучија основното училиште Роб да биде затворено и срушено.

Технологија „да не слушнат душманите“

Дојде време да се камуфлираме и по дома и да ги збуниме оние кои нè прислушуваат, а ги има многу. Како може да ја надмудриме супериорната технологија на вештачка интелигенција? Или да се оди радикално аналогно или пак да се искористи нејзината моќ - против неа.    

Белгија го враќа единствениот остаток од херојот на Конго

Патрис Лумумба кратко откако е сменет од власт со белгиска помош е заробен од тамошните власти, стрелан во присуство на белгиски офицери, за потоа неговото тело да биде откопано од белгиски офицери, раскасапено со пила, распаднато во солна киселина а коските смелени и расфрлани. Од Лумумба останат е еден златен заб, зачуван од неговиот касап, кој до сега се чуваше во Белгија.

Дали Франциско ќе биде втор Папа во пензија?

Прво папата го откажа одамна планираното патување во Африка заради здравствени проблеми, а потоа најави дека ќе именува 21 нов кардинал, два предзнака кои се толкуваат како сигнал за неговото напуштање на престолот во Ватикан.

Новиот Архангел Михаил е Албанец нарко-дилер?

Во нерамноправна битка ватиканската полиција успеа да го сопре и приведе Архангел Михаил кој во неделата бил решен да упадне во Ватикан со кола.

Демократијата умира во глупоќа

Пред десетина дена еден од столбовите на слободниот говор и размислување, Вашингтон пост, по итна постапка суспендираше еден од своите најдобри новинари затоа што ретвитнал виц. Серија твитови подоцна и ВП ја отпушти и новинарката што го накодоши колегата.

Ќе пукне ли и втор фронт во Европа?

Со некои си 60-на километри должина, Сувалки коридорот е парче земја меѓу Полска и Литванија што го одделува руски Калининград од најблиското парче сојузничка територија, Белорусија. Деновиве Литванија одлучи да го ограничи железничкиот товарен сообраќај и снабдувањето на Калининград.

Републикански Тексас: Бајден не е нашиот претседател

Заради пандемијата, Републиканците од Тексас се немаат меѓусебе видено во живо цели 4 години па сега кога се видоа, им тргна шутот. Бајден го прогласија за нелегален претседател а нивниот сенатор кој договара контролата на оружјето го исвиркаа. И нејќат да даваат автомобилски ленти за точаци. 

Дајте му на Путин што сака за да заврши војната

Најголемиот дел од Европејците се подготвени да ја отстапат окупираната територија на Украина во замена за крај на војната што е можно побрзо, покажуваат новите анкети објавени од британски Тајмс.

Има и полошо од воени профитери

Украинската државна компанија Нафтогаз, објави дека итно отпушта еден од највисоките советници на претседателот на компанијата. Не заради соработка со Русите, туку заради соработка со Бентли.

Зелената Германија ќе нагази на копање јаглен

Една војна и толку од загриженоста за планетата. Нели работата беше дека ако продолжиме со јаглен, ќе се самоуништиме за пар децении? „Честа“ на сограѓаните да им каже дека копањето јаглен е единствениот спас за следната зима му падна на германскиот министер од Партијата на зелените.

Младите ја открија Кејт Буш

Кога првпат беше објавена, песната „Running Up the Hill“ на Кејт Буш добутка до третото место на топ листите. Речиси 40 години подоцна, песната руши рекорди на истите тие топ листи и тоа по повеќе основи. 'Stranger things' се дешаваат. 

Падот на криптото: Сите пирамидални шеми на крајот пропаѓаат

Ако требаше нешто да се научи од несреќите од 1929 и 2008 година, тоа е дека регулирањето на финансиските пазари е од суштинско значење. Во спротивно, тие се претвораат во пирамидални шеми кои на крајот ги оставаат малите инвеститори со прстот во уста и ја дестабилизираат целата економија.

Ако секне Северен тек 1, Европа зимава останува без гас

Деновиве беше објавено дека Русија заради технички проблеми плус одржување, ја намалува испораката на гас во ЕУ преку Северен тек 1, што значи дека може да се случи ЕУ да не стигне да ги наполни резервите на гас до почетокот на зимата.