Запрашан на прес-конференција околу ова, градоначалникот на Увалде го потврди рушењето, порачувајќи:
„Никогаш повеќе не можеш да побараш од дете или од наставник да се врати во тоа училиште.“
Тој не го соопшти, ниту кажа, дали има одредено краен датум за рушењето на училиштето.
Веста за рушењето следуваше само неколку часови откако беше откриено дека на денот на масакрот пред училиштето имало доволно вооружена полиција за да го запре убиецот три минути откако влегол во училиштето.
Подоцна се појави и слика од ходниците на училиштето на која се гледа дека 19 минути по влегувањето на убиецот, вооружена полиција веќе била пред училната. Полицијата прв пат го конфронтира и убива Рамос во 12:50, 77 минути откако тој влегува во училиштето во 11:33, што значи дека полицајците речиси цел час вооружени стоеле пред училницата и слушале како тој ги егзекутира децата.
Првиот човек за јавна безбедност на Тексас, Стивен Мекроу, ја нарече реакцијата на полицијата „одвратен неуспех“ со „ужасни одлуки“ донесени од командното лице.
„Полицијата имаше оружје, децата немаа. Полицијата имаше панцири, децата немаа,“ ќе каже Мекроу.
19-те деца што загинаа во основното училиште Роб беа на возраст од 11 до 12 години.