Зелената Германија ќе нагази на копање јаглен

Една војна и толку од загриженоста за планетата. Нели работата беше дека ако продолжиме со јаглен, ќе се самоуништиме за пар децении? „Честа“ на сограѓаните да им каже дека копањето јаглен е единствениот спас за следната зима му падна на германскиот министер од Партијата на зелените.

Германија планираше до 2030 година да стане држава во која веќе нема да се користи јаглен за енергија. Но, се случи Русија- Украина.

„Државата мора да ја ограничи употребата на гас за производство на струја и да го приоритетизира полнењето на складишта за да се компензира падот на снабдувањето од Русија“, изјави министерот за економија.

Во насока што се коси со принципите на неговата еколошка Партија на зелените, земјата исто така ќе мора да го зголеми согорувањето на јаглен, призна Роберт Хабек.

Руската гасна компанија „Газпром“ деновиве објави дека го намалува снабдувањето преку гасоводот „Северен тек 1“ од технички причини; велат германската Сименс доцни со поправката на компресорските турбини (Види: Ако секне Северен тек 1, Европа зимава останува без гас).

„Ќе мора да користиме помалку гас за производство на струја и наместо тоа, повеќе да ги користиме електраните на јаглен. Ситацијата е сериозно, решението е горчливо но неопходно. Во спротивно, на зима ќе биде напнато,“ изјави Хабек.

Тој предложи да се стави ограничување на греењето во домаќинствата, а владата планира летово да воспостави модел на аукција на гас за да ја поттикне заштедата на гас од страна на индустријата.

Според шемата, индустриските клиенти кои можат без гас ќе ја намалат својата потрошувачка во замена за финансиска компензација од државата а заштедениот гас би се складиштел. Моментално складиштата за гас во Германија се полни околу 57%.

Владата планира и дополнителна кредитна линија од 15 милијарди евра за германскиот добавувач на гас да купува залихи со кои ќе се полнат складиштата за на зима.

Под притисок на сојузниците од ЕУ и НАТО, Германија на почетокот на војната во Украина го стопираше Северен ток 2. А притисокот не а нов:

 

 

20 јуни 2022 - 09:17