Се памти погребот на Тито, се памти погребот на леди Дијана, се памти погребот на Муфаса, ние за век и вјеков ќе го памтиме погребот од Маратонци („Њему се не исплати да излази одатле“), ама одамна не нè освежила ваква неочекувана реплика кажана на погреб, во друштво на ожалостени. Што добро да му се најде на човек кој штотуку го напуштил овој свет а на кој сите присутни добро му ги познавале овоземните мани?