Кој е крив што ќе бидеме гладни?

Запад тврди дека за кризата со храната е виновна Русија чија стратегија е, меѓу другото, да ја доведе Европа до глас. Русија возвраќа, како тоа знаете да носите онолкаво оружје во Украина а не знаете да изнесете жито од таму?

САД и ЕУ тврдат дека Русија ја влошува прехрамбената криза спречувајќи го извозот на житарици од Украина.

Русија возврати со тврдење дека се тоа лаги и дека главен виновник за проблемите со храната се санкциите кои се воведени кон Русија кои придонесоа кон поскапување на житариците, маслото за домаќинство, земјоделското ѓубриво и енергенсите.

„Обвинувањата на наша сметка се комплетна лага. Запад успева да го довлекува она силно оружје и муниција во Украина а заради некоја причина не може ништо да извади од таму?,“ праша портпаролката на руското МНР, Марија Захарова.

Русија и Украина се двата најголеми производители на земјоделски производи на светот. Русија е најголем светски извозник на жито после ЕУ, а Украина е најголем извозник на зејтин од сончоглед.

Турција, Египет, Пакистан, Белорусија, Либан, Сомалија, Грузија, Азербејџан, Монголија, Ерменија, Мадагаскар и Еритреја во 2021 година зависеле дури 70% од руското жито, велат податоци на ОН.

Србија, Монголија, Казахстан, Молдавија, Хондурaс и Гана, над половина од земјоделското ѓубриво го увезувале од Русија.

22 јуни 2022 - 18:19