Бројките се откриени во документи од швајцарската царина, а количината претставува само 2% од увезеното злато што минатиот месец било увезено за преработка во Швајцарија.
Руското злато е еден од производите кој не беше директно санкциониран, ама речиси три месеца сите производители се држеа на страна од него, откако Лондонската берза за скапоцени метали, ги отстрани руските преработувачи од листата на акредитирани ентитети.
Иако бришењето од листата де-факто се смета за забрана на набавка на ново руско злато од лондонскиот пазар, правилата не забрануваат руските метали да бидат преработени од други рафинерии. Во Швајцарија има четири големи преработувачи на злато, кои обработуваат две-третини од светското злато.
Бидејќи царинските документи покажуваат дека целото злато било регистирано рафинирање или друг тип на преработка, заклучокот е дека тоја завршило кај еден од преработувачите во земјата. Погоре споменатите четири најголеми, тврдат дека тие не земале руско злато.
Пред мајското злато, во април Швајцарија почна со увоз на мали количества паладиум од Русија, која е најголемиот производител на овој метал.