На нивната прва конвенција со физичко присуство од 2018 година, тексашките Републиканци усвоија куп резолуции и промени на политичката платформа со која партијата ја однесоа уште подесно.
За Џо Бајден решија дека е нелегитимно избран претседател, сенаторот Џон Корнин го исвиркаа додека пробуваше да им објасни за што се преговара околу оружјето, усвоија декларација дека хомосексуалноста е „абнормален избор на животен стил“ и побараа учениците во Тексас да учат да слушаат улѕтразвук од фетуси.
Конвенцијата ги поддржа и засили тврдењата на Трамп дека му се украдени изборите, нешто што и некои негови поранешни соработници го отфрлија на неодамнешните сослушувања за упадот во Капитол на 6 јануари.
Тексас го бира Корнин за сенатор цели 20 години. Овојпат беше исвиркан кога објаснуваше дека малолетните престапи ќе бидат вклучени во позадинските проверки за купувачи на оружје помлади од 21 година како и тн „аларм“ закони со кои ќе биде полесно да им се одземе оружје на потенцијално опасни лица.
Републиканците од Тексас решија дека и помладите од 21 година можат да бидат доведени во ситуација да се бранат себеси и да мораат итно а набават оружје, на пример во време на немири.
Во нивната нова платформа се бара и:
- Учениците да дознаат за „човечноста во неродените бебиња“ и да слушаат реален ултразвук од нив.
- Да се фиксира бројот на судии во Врховниот суд на 9 членови и да се отфрли 16от амандман на уставот од 1913 година со кој се создаде федералниот данок на приход.
- Да се осигура „слобода за патување“ наспроти планот на Бајден за чиста енергија кој Тексашани го гледаат како многу калифорниски и анти-возачки и да се прекине со отстапување автомобилски ленти за пешаци, велосипедисти и средства за јавен превоз.
На конвенцијата присуствувале 5.100 делегати.