Еден од методите за собирање донации што го има Демократската партија (исто како и Републиканската) е наплаќање за фотографирање со нивни високи функционери, на најразлични јавни настани.
Па така стандардно фотографирањето со потпретседателката на САД, Камала Харис, до сега чинеше 15.000 долари.
Меѓутоа, по направени пресметки по равенка со ним познати варијабли, на минатомесечниот Форум за женско лидерство, демократите цената на Харис ја симнале за 10 илјади, од 15 на 5.000 долари за фотографија. Меѓутоа и ова фотографирање било откажано заради недоволна продажба на влезници.
Новата цена за фотки со Камала ќе важи и за нејзинaта донаторска средба во Калифорнија закажан за крајот од месецов.
Њујорк пост пишува дека последните анкети покажале дека повеќе од половина од регистрираните гласачи во САД немаат позитивно мислење за потпретседателката. Минатата есен нејзиниот рејтинг падна на 28% поддршка.